Оглас за вработување – Асистент за комуникации

Евротинк бара нов член на тимот, со позиција проектен асистент / односи со јавност. Повеќе детали подолу. 

Име на проектотКон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија 
Проект бр. 2021-11986
Име на позицијаПроектен асистент/односи со јавност
ЛокацијаСкопје, Северна Македонија
Период на траењејули 2021 – јуни 2022 (определено, со можност за продолжување на договорот)
Обем на работа Полно работно време, 40 часа неделно  

ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Главната цел на проектот е да се допринесе кон продолжување на развојот на полицијата и полициското работење во Северна Македонија, преку зголемување на демократскиот капацитет на полициската организација по пат на подобрена отчетност и зголемена транспарентност на полицијата како клучен сегмент од безбедносниот апарат. Проектот ќе се реализира со поддршка од Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави (National Endowment for Democracy). 

Проектот цели кон воспоставување на нови и заживување на постоечките добри практики во односот помеѓу полицијата и граѓаните, особено преку работа на зголемена транспарентност, отчетност и партиципативно учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето на политики од областа на безбедноста, како на национално така и на локално ниво. Оваа општествена промена е замислена да се оствари преку работа со различните локални и национални полициски структури и крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и надзор преку подобрени јавни политики и практики за работа на полицијата во соработка со граѓаните. Со цел да се придонесе за постигнување на севкупните цели, следниве специфични активности ќе бидат остварени во временската рамка на проектот:

  • Анализа на постоечкото законодавство и национални стратегии за да се идентификуваат трендовите и предизвиците кај полицијата и надзорот на нивната работа. 
  • Истражување на јавното мислење на национално ниво, со цел мерење на граѓанските перцепции и довербата во полицијата.
  • Спроведување на осум фокус групи во осумте плански региони во Северна Македонија.
  • Спроведување на интервјуа со официјални полициски претставници од осумте плански региони. 
  • Изготвување на документи за јавни политики кои се однесуваат на институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики насочени кон подобрување на полицискиот интегритет, вклучително и студии кои обезбедуваат практични препораки и патоказ кон потранспарентно, отчетно, и партиципативно работење.
  • Спроведување на структурирани и модерирани дискусии кои вклучуваат претставници на полицијата, на локалните власти, но и на граѓаните и граѓанското општество, каде ќе се зборува за подобрување на меѓусебниот дијалог. 

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:

Проектниот асистент ќе го поддржи проектниот тим одговорен за имплементација на проектот и ќе го поддржи Проектниот менаџер на средбите со клучните партнери, засегнати страни и други организации. Асистентот ќе работи под директен надзор на проектниот менаџер и во секојдневна соработка со останатиот персонал во организацијата. 

Покрај тоа, проектниот асистент ќе биде и лице одговорно за односите со јавност на Евротинк.

ГЛАВНИ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ:

  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
  • Во соработка со Проектниот менаџер, ќе закажува, организира и подготвува и/или помага при спроведување на состаноци на проектниот тим;
  • Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група, засегнати страни и партнери;
  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе го следи и оценува напредокот на проектот;
  • Во соработка со Проектниот менаџер, го поддржува подготвувањето на извештаите за донаторот и организацијата;
  • Ќе ги помага или координира и следи сите истражувачки и теренски активности на проектот;
  • Ќе биде надлежен/на за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;
  • Други активности во согласност со проектниот документ и други активности и задачи од значење за организацијата.

ГЛАВНИ КОМУНИКАЦИСКИ ЗАДАЧИ:

  • Скицирање и приготвување на објави, соопштенија и текстуално/визуелни материјали за комуникациските алатки на организацијата;
  • Внес на содржини и ажурирање на интернет страницата и профилите на социјалните медиуми на организацијата;
  • Комуникација со медиумите и медиумските работници, како и нивно навремено известување за активностите на организацијата;
  • Изготвување на соопштенија за медиумите и јавноста;
  • Изготвување на визуелни презентации на резултатите од истражувањата на организацијата; 
  • Други сродни активности од областа на односи со јавноста; 


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
  • Познавање на базични канцелариски софтверски алатки, основни познавања на WordPress платформа или сличен ЦМС.
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните лица да достават CV и мотивациско писмо на [email protected], најдоцна до 07.07.2021 година.

Сподели на