Зајдисонце на карпите во Лесново

Во знак на обележување на Европската недела на спортот, ГРИТ организира попладневно пешачење до карпите во Лесново од каде ќе се набљудува прекрасното есенско зајдисонце. Вкупната должина на пешачење е околу 15 км, со висинска разлика од 616 метри. Тежина на турата е лесна/средна.
 
Пријавувањето е задолжително поради ограничена бројка и може да се направи со порака на [email protected]
 
Настанот е организиран со поддршка од Europe House – Струмица
ПРОГРАМА:
– Чекање и тргнување на 25.09.2021 во 15:00 часот на кружниот тек кај Здравен дом „Нада Михајлова“ – Пробиштип.
– Потпишување на изјави, инфо говор и поаѓање
– Одмор на карпите и набљудување на зајдисонце
ВАЖНО:
-Враќањето е по истата патека, но по стемнување, затоа е важно сите учесници да носат челна ламба, ламба или полн телефон и да се држат до групата.
ОПАСНОСТИ.
– Брзо спуштање на облаци и губење на групата
– Напуштање на групата самостојно
– Стрмни делови
– Губење во темница
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење;
– разгазени удобни чевли;
– облекување во слоеви, топла облека
– челна ламба, ламба или полн телефон
– наочари за сонце
– бандана или капа
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец, суво овошје, сендвичи и сл.;
– вода 2 л.;
ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од Министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на пешачењето растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 1,5 метар, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 1,5м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца
– Доколку во текот на искачувањето некој кашла, се препорачува тој член да ја пушти колоната и да остане последен во групата на самата опашка на колоната.
НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведената прошетка се организира и движењето се одвива во група предводена од организаторот.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Јас и спортот – онлајн разговор со Никола Велев – Френки

ГРИТ со поддршка од Europe House – Струмица организира Европска недела на спортот, која ќе се отвори со онлајн разговор со сегашниот тренер на кошаркарскиот клуб ТФТ – Скопје, Никола Велев – Френки.
Сите заинтересирани можат да се придружат на овој онлајн разговор со Никола и да дознаат повеќе за неговата кариера како долгогодишен кошаркарски тренер. На овој настан учесниците ќе можат подобро да се запознаат со тоа кој е Никоја и зошто тој ја одбрал токму оваа кариера.
Исто така, учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања кои Никола директно ќе се обиде да ги одговори. 
За подобра реализација и организација на настанот, пожелно е заинтересираните да го најават своето присуство со порака на [email protected]
 
Настанот ќе се одржи на 23.09.2021 во 14:00 часто преку платформата ZOOM.
 

Уредувачка седмица на Википедија на македонски јазик – „Вики ја сака модата 2021“

 

Споделено Знаење организира уредувачка седмица на Википедија на македонски јазик насловен „Вики ја сака модата 2021“.

Вики ја сака модата 2021 — меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со модата и модната индустрија, поттикната од корисничката група Викидона, којашто се спроведува секоја година на крајот од месец септември, односно во периодот на одржување на Миланската модна седмица, Париската модна седмица и настани во организација на музејот Метрополитен. Главна цел на иницијативата е создавање содржини во врска со модата на што е можно поголем број јазични изданија на викимедиините проекти. Овогодинешната меѓународна иницијатива е во времетараење од 18 септември до 17 октомври 2021 година. Тема на овогодинешната меѓународна иницијатива е „кодекс на облекување“.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со модата на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачки седмица во времетраење од 24–30 септември 2021 година.

За најпродуктивните три учесници следи:

Прво место: награда од купон во вредност од 4.000 денари

Второ место: награда од купон во вредност од 3.000 денари
Трето место: награда од купон во вредност од 2.000 денари
 
Повеќе за натпреварот можете да видите на главната страница.