Зајдисонце на карпите во Лесново

Во знак на обележување на Европската недела на спортот, ГРИТ организира попладневно пешачење до карпите во Лесново од каде ќе се набљудува прекрасното есенско зајдисонце. Вкупната должина на пешачење е околу 15 км, со висинска разлика од 616 метри. Тежина на турата е лесна/средна.
 
Пријавувањето е задолжително поради ограничена бројка и може да се направи со порака на [email protected]
 
Настанот е организиран со поддршка од Europe House – Струмица
ПРОГРАМА:
– Чекање и тргнување на 25.09.2021 во 15:00 часот на кружниот тек кај Здравен дом „Нада Михајлова“ – Пробиштип.
– Потпишување на изјави, инфо говор и поаѓање
– Одмор на карпите и набљудување на зајдисонце
ВАЖНО:
-Враќањето е по истата патека, но по стемнување, затоа е важно сите учесници да носат челна ламба, ламба или полн телефон и да се држат до групата.
ОПАСНОСТИ.
– Брзо спуштање на облаци и губење на групата
– Напуштање на групата самостојно
– Стрмни делови
– Губење во темница
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење;
– разгазени удобни чевли;
– облекување во слоеви, топла облека
– челна ламба, ламба или полн телефон
– наочари за сонце
– бандана или капа
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец, суво овошје, сендвичи и сл.;
– вода 2 л.;
ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од Министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на пешачењето растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 1,5 метар, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 1,5м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца
– Доколку во текот на искачувањето некој кашла, се препорачува тој член да ја пушти колоната и да остане последен во групата на самата опашка на колоната.
НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведената прошетка се организира и движењето се одвива во група предводена од организаторот.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Сподели на