Повик за настан Отвореноста на институциите низ бројки

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Метаморфозис организира настан насловен како „Отвореноста на институциите низ бројки“. Настанот ќе се одржи на 14 октомври 2021 година со почеток во 14:00 часот онлајн преку ZOOM и во живо на Фејсбук страната на Метаморфозис. Агендата за настанот можете да ја погледнете овде.

На настанот ќе бидат промовирани резултатите од мерењето на отвореноста на извршната власт во 2020 година и ќе има дискусија со засегнати страни.

Проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Трудот е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт во Северна Македонија може да го подобри почитувањето на принципите на добро владеење во иднина. Проценката заедно со визуелизациите  е достапна на македонски, албански и англиски јазик на веб – страницата на Метаморфозис: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/.

Насилство во училиштата (Булинг)-Анкета за младински работници

Центар за интеркултурен дијалог (CID) спроведува онлајн прашалник за младински работници како дел од Еразмус плус проектот “Работиме заедно за да се справиме со насилство“. Целта на проектот е создавање сеопфатен пристап за решавање на прашањето за малтретирање (булинг) во образовниот систем. Овој прашалник е од голема важност за воочување на моменталната состојба на булингот во нашите училишта.

Линк до прашалникот можете да најдете овде.

#GirlsTakeOver повик за млади девојки да бидат Амбасадорка на Шведска на еден ден

По повод 11 октомври, Меѓународниот ден на девојчето, шведската амбасадата се приклучува на глобалната иницијатива #GirlsTakeOver и за таа цел амбасадорката ќе го отстапи своето амбасадорско место на еден ден на едно девојка на возраст од најмалку 15 години.

Што се очекува од „еднодневниот амбасадор„?

Избраничката ќе треба да ги врши должностите на амбасадорката преку денот, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на амбасадата и да учествува во дневните активности на амбасадата. На крајот од работниот ден, избраничката ќе треба да напише краток извештај за сработената работа.

Работниот ден почнува во 8:30 и завршува во 16:30.

Што е потребно за аплицирање?

  • Кратко мотивациско писмо (не повеќе од 250 зборови), каде што ќе објасните од каде доаѓа вашиот интерес за позицијата
  • Кратко CV каде што ќе наведете што работите, кои се вашите интереси и кои активности ги имате спроведено (во кои активности имате учествувано) за подобрување на животот во вашето општество, промовирање еднаквост помеѓу половите, помагање на постари лица или лица со помалку можности, грижа за околината итн.
  • Две препораки (најмногу 1 до 2 пасуси) од некој кој многу добро ве познава и може да ве препорача за позицијата. Ова може да е ваш учител/професор или некој кој добро ве познава и е запознаен со вашата работа во активностите во кои имате учествувано
  • Пишана согласност од вашите родители/старатели (за девојчињата од 15 до 18 години)

Позицијата е отворена од 11.10.2021. Заинтересираните кандидатки можат да ја испратат својата апликација најдоцна до 25.10.2021 со мејл на [email protected] со наслов „Application for the #GirlsTakeOver vacancy for “Ambassador for a Day”. Избраната кандидатка ќе биде известена на 31.10.2021, и ќе се очекува од неа да ги изврши своите должности во текот на месец ноември на дата која ќе биде одредена со договор помеѓу амбасадата и избраничката.

Повеќе информации за огласот и иницијативата #GirlsTakeOver можете да најдете овде. 

Исто така, можете да ја слушнете амбасадорката Форсгрен Бенгтсон со објава за конкурсот на видеата објавени на Facebook и Instagram.

Менталното здравје кај младите во време на пандемија

По повод октомври-месец на менталното здравје и депресијата, Советот на млади на Општина Свети Николе организира онлајн предавање на тема: „Менталното здравје кај младите во време на пандемија“, кое ќе се одржи преку платформата ZOOM, на 12.10.2021 (вторник) во 19:00 часот.
Говорници на настанот ќе бидат:
– проф. д-р Слаѓана Анѓелковска и
– Иле Михајловски
Податоци за вклучување на ZOOM:
– Meeting ID: 837 5588 6030
– Passcode: 905202
Линк до ZOOM сесијата можете да најдете овде.

ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКИ И АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Националниот Младински Совет на Македонија ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:

Работна позиција: Финансиски и административен асистент
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

Квалификации:

  • Искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти
    финансирани од странски донатори
  • Искуство со користење на финансиски и административен софтвер
  • Минимум две години соодветно работно искуство
  • Завршено високо образование (ќе се смета за предност)

Лични карактеристики и вештини:

  • Професионалност и посветеност
  • Способност за работа под притисок и куси временски рокови
  • Транспарентност
  • Тимска работа
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели


Опис на главни работни задачи:

1. Поддршка при подготовка на финансиско – административни документи за
проектно работење;
2. Следење и евиденција на буџетски трошоци на грантови;
3. Подготовка на месечни финансиско – административни извештаи;
4. Архивирање на документи;
5. Поддршка во подготовка на буџети и завршни сметки на НМСМ;
6. Обезбедува усогласеност на трошењата со внатрешните политики и
процедури;
7. Ги следи трошоците во рамки на буџетите и подготвува месечни, квартални и
годишни финансиски извештаи и извештаи за донатори;
8. Учествува во подготовка на годишен буџет и проектни буџети за нови проекти;
9. Води попис на инвентар;
10. Административно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата,
спроведување канцелариски набавки и услови;
11. Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со
моменталните потреби на НМСМ и во координации со Генералниот секретар;
12. Редовна координација со Генералниот секретар, финансиско-
административен менаџер и останатите вработени во Секретаријатот.

ШТО СЕ НУДИ?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
  • Почетна плата: 22000 денари, нето износ.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил
адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Финансиски и
административен асистент во НМСМ најдоцна до 20.10.2021 до 23:59 часот.

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за
исходот.
** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го
продолжи повикот.