#GirlsTakeOver повик за млади девојки да бидат Амбасадорка на Шведска на еден ден

По повод 11 октомври, Меѓународниот ден на девојчето, шведската амбасадата се приклучува на глобалната иницијатива #GirlsTakeOver и за таа цел амбасадорката ќе го отстапи своето амбасадорско место на еден ден на едно девојка на возраст од најмалку 15 години.

Што се очекува од „еднодневниот амбасадор„?

Избраничката ќе треба да ги врши должностите на амбасадорката преку денот, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на амбасадата и да учествува во дневните активности на амбасадата. На крајот од работниот ден, избраничката ќе треба да напише краток извештај за сработената работа.

Работниот ден почнува во 8:30 и завршува во 16:30.

Што е потребно за аплицирање?

  • Кратко мотивациско писмо (не повеќе од 250 зборови), каде што ќе објасните од каде доаѓа вашиот интерес за позицијата
  • Кратко CV каде што ќе наведете што работите, кои се вашите интереси и кои активности ги имате спроведено (во кои активности имате учествувано) за подобрување на животот во вашето општество, промовирање еднаквост помеѓу половите, помагање на постари лица или лица со помалку можности, грижа за околината итн.
  • Две препораки (најмногу 1 до 2 пасуси) од некој кој многу добро ве познава и може да ве препорача за позицијата. Ова може да е ваш учител/професор или некој кој добро ве познава и е запознаен со вашата работа во активностите во кои имате учествувано
  • Пишана согласност од вашите родители/старатели (за девојчињата од 15 до 18 години)

Позицијата е отворена од 11.10.2021. Заинтересираните кандидатки можат да ја испратат својата апликација најдоцна до 25.10.2021 со мејл на [email protected] со наслов „Application for the #GirlsTakeOver vacancy for “Ambassador for a Day”. Избраната кандидатка ќе биде известена на 31.10.2021, и ќе се очекува од неа да ги изврши своите должности во текот на месец ноември на дата која ќе биде одредена со договор помеѓу амбасадата и избраничката.

Повеќе информации за огласот и иницијативата #GirlsTakeOver можете да најдете овде. 

Исто така, можете да ја слушнете амбасадорката Форсгрен Бенгтсон со објава за конкурсот на видеата објавени на Facebook и Instagram.

Сподели на