Позиција: Физиотерапевт
Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) Понеделник до петок од 9 до 17 часот.
Локација: Црниче, Скопје
Вид договор: Можност за договор за вработување или договор на дело
Позадина:
Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата во 9 независни станбени единици во Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и ЦМА КРИК ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.
Должности и одговорности ( Физиотерапевт )
Ја координира работата со колегите во службата
Применува и спроведува активности за функционалниот и моторниот развој на корисниците, соодветно на нивните потреби
Постапува по стандарди и процедури од подрачјето за коешто е стучен, следи и применува современи методи и техники на работа
Презема активности за подобрување на телесната функционалност и моторниот развој кај корисниците, и извршува дневни активности кои водат кон социјализација и социјално вклучување
Учествува во изведување на програмски активности насочени кон стимулирање на развој, заедно со членовите на стручниот тим
Заедно со Раководителот на службата и лекарот определуваат целна група на корисници кои ќе бидат опфатени со физиотерапевтски третман
Спроведува индивидуални и мануелни масажи, вежби за релаксација, вежби за попуштање на спазмот, вежби за јакнење на мускулатура, вежби за попуштање на контрактури
Потребни квалификации:
- да биде државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да се биде возрасен над 18 години
- да имаат општа здравствена способност за работата
- со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност
- Ниво на образование – Високо стручно образование
Како да се аплицира
Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]
Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Физиотерапевт Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 25-ти јануари 2022 година, во 23:59 часот.
Плата
Обезбедени месечни средства во бруто сума од 28 290 мкд. Можност за вработување со договор за вработување или договор на дело.
Договор за вработување-19 211 мкд
Договор на дело-25 146 мкд