Повик за вработување за физиотерапевт

Позиција: Физиотерапевт

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) Понеделник до петок од 9 до 17 часот. 

Локација: Црниче, Скопје

Вид договор: Можност за договор за вработување или договор на дело 

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и ЦМА КРИК ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.

Должности и одговорности ( Физиотерапевт )

Ја координира работата со колегите во службата
Применува и спроведува активности за функционалниот и моторниот развој на корисниците, соодветно на нивните потреби
Постапува по стандарди и процедури од подрачјето за коешто е стучен, следи и применува современи методи и техники на работа
Презема активности за подобрување на телесната функционалност и моторниот развој кај корисниците, и извршува дневни активности кои водат кон социјализација и социјално вклучување
Учествува во изведување на програмски активности насочени кон стимулирање на развој, заедно со членовите на стручниот тим
Заедно со Раководителот на службата и лекарот определуваат целна група на корисници кои ќе бидат опфатени со физиотерапевтски третман
Спроведува индивидуални и мануелни масажи, вежби за релаксација, вежби за попуштање на спазмот, вежби за јакнење на мускулатура, вежби за попуштање на контрактури

Потребни квалификации:

  • да биде државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да се биде возрасен над 18 години
  • да имаат општа здравствена способност за работата
  • со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност
  • Ниво на образование – Високо стручно образование

Како да се аплицира

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Физиотерапевт Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 25-ти јануари 2022 година, во 23:59 часот.

Плата 

Обезбедени месечни средства во бруто сума од 28 290 мкд. Можност за вработување со договор за вработување или договор на дело.

Договор за вработување-19 211 мкд

Договор на дело-25 146 мкд

Сподели на