Повик за учество на “Kino Kabaret creACTive“

Младинската организација Креактив од Кавадарци отвора повик за учество на проектот “Kino Kabaret creACTive”.
 
Преку проектот учесниците ќе се здобијат со основни знаења за креирање на краток филм, а истовремено ќе имаат можност заедно да снимат свој сопствен краток филм. Проектот се состои од 3-дневна едукативна обука и 4-дневно снимање на авторските филмови, со поддршка од едукатор и младински работник.
 
– Програмата е наменета за млади од 15 до 22 години.
– Едукативните работилници ќе се одржат од 20 до 22.04.2022 година.
– Снимањето на филмовите ќе се одвива од 3 до 8.05.2022 година.
 
За време на едукативните работилници и снимањето на филмовите ќе бидат обезбедени ручек и вечера за учесниците. Тимовите ќе имаат на располагање и основна полу-професионална опрема за снимање на филмовите: камера, светла и микрофони.
Сите заинтересирани за учество треба да се пријават со пополнување на оваа пријава најдоцна до 13.04.2022. 
 
Избраните учесници ќе бидат информирани до 16.04.2022.
 
“Kino Kabaret creACTive” е проект на Младинската организација Креактив од Кавадарци, финансиски поддржан од Проектот ЕУ СО ТЕБЕ 2021 од Europe House Skopje, Delegation of the European Union, Skopje и Европска Унија. 

ПОВИК ЗА МЕНТОР ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА БИЗНИС ИНИЦИЈАТИВИ ВО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за ментор за трансформација на ученички и младински бизнис иницијативи во мали и средни претпријатија.

За ангажманот:

Работните задачи на Менторот опфаќаат:

  1. Креирање на процесот за избор на младински и ученички бизнис иницијативи за учество во програма за трансформација и раст;
  2. Поддршка на растот и трансформацијата на избраните иницијативи во мали и средни претпријатија;
  3. Придонес во креирањето на пакет алатки за трансформација на регионално ниво

Менторот ќе биде ангажиран за 40 работни дена во период од 8 месеци (мај – декември 2022 година), од кои 7 дена за активност бр. 1, 26 дена за активност бр. 2 и 7 дена на активност бр.3.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

  •  Финансиска понуда
  • Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
  • Кратка биографија на експертот со референци;
  • Потпишана изјава за ексклузивност и достапност,
  • Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста.

 

Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.
Повеќе информации за менторот за трансформација на бизнис иницијативи најдете 
тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Правните лица можат да аплицираат со тим од двајца консултанти. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected].

Како наслов на електронската порака наведете: ,„Апликација за ментор – BY LEAP – назив/име и презиме”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот (доколку е физичко лице).

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата треба да се достави најдоцна до 25.04.2022 година (понеделник).

Целосниот повик е достапен тука.

*Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Повик за 2 младински работници за „Обука за младински работници за методи за планирање и организирање младинска размена за млади лица со интелектуална попреченост“

Датуми на обуката: 13 – 17 јуни 2022 година (вклучени се денови на патување)
Локација: Болоња, Италија
Организација домаќин: BANGHERANG APS- Италија

Обуката е дел од проектните активности од проектот KA2 All Inclusive-Overcoming Barriers, финансиран од Националната агенција Еразмус + во Финска.

Партнерски организации: Fondazione Zanandrea – Италија, CYA KRIK – Македонија, ДСУ за рехабилитација и образование Наум Охридски – Македонија, Nuorten Ystävät – Finaldnia и FAIDD – Финска.

Кратки информации за проектот: Подолгата верзија можете да ја најдете ТУКА

Нашата цел во овој проект е да ја подигнеме свеста за можностите за оспособување на младите лица со интелектуална попреченост за учество во меѓународни активности за мобилност. 

Проектот подготви два интелектуални резултати:

Првиот е Водич или чекор-по-чекор документ кој го поддржува учеството на младите со попреченост во активностите за мобилност, земајќи ги предвид специфичните потреби на целната група. Овие упатства го покриваат целиот процес на спроведувањето на мобилноста, од планирање до евалуација. Насоките вклучуваат методи за зајакнување на младите луѓе со попреченост и поддршка во комуникацијата користејќи различни методи. Линк од македонската верзија на документот


Вториот интелектуален резултат е метод за тоа како младите луѓе со попреченост кои не се во можност да патуваат можат да учествуваат во проект за мобилност. Овој резултат нуди можности и начини како да се организира хибрид настан на младинска размена каде одредена целна група може да ја следи размената од местата каде се наоѓаат. 


Целите на обуката (за овој отворен повик):

-Да се обучат младинските работници за методи како да го подобрат пристапот до европските програми за учење и мобилност;
-Да се запознаат со проектниот резултат 1– Насоките за планирање и организирање на младинска размена со млади лица со посебни потреби и да се тестира и проектниот резултат 2 кој е модел за организирање младинска размена со лица со интелектуално попреченост и со млади луѓе кои не можат да патуваат;
-Постигнување на поголема социјална вклученост на младите со попреченост;
-Младинските работници да изградат емпатија кон младите со попреченост и директно да научат од нив, кои се методите за поддршка што им се потребни за да им го олеснат пристапот до активности за мобилност и учење.

Целна група: 1 или 2 младински работници кои доаѓаат од организација која работи со мејнстрим млади. Учесникот треба да има искуство во спроведување на активности за младинска работа на локално или национално ниво. Возраста на лицето не е релевантна, учесниците треба да имаат само повеќе од 18 години (без ограничување до 30 години).

На обуката ќе бидат присутни и млади лица со интелектуална попреченост кои ќе бидат активно вклучени во сите активности. 

Локација: Обуката ќе се одржи во „Centro Turistico Città di Bologna“. Centro Turistico Città di Bologna е туристичка комплекс која обезбедува срдечно добредојде и пријатен престој за сите. Комплексот има бунгалови од различни типови, терени за кампување, бар, ресторан со традиционална храна, базен и теретана. Учесниците ќе бидат сместени во бунгалови и студија по 2 или 4 учесници. Секоја дел има свој тоалет. Организацијата домаќин ќе обезбеди сместување и храна за целата обука: 3 оброци + 2 кафе паузи помеѓу сесиите дневно.

Патни трошоци: ЦМА КРИК ќе резервира билети за сите учесници.

Мерки за КОВИД во Италија: ситуацијата со Ковид-19 постојано се менува, ве молиме проверете ги следните веб-страници за да бидете ажурирани за сите нови мерки и правила во Италија.
https://infocovid.viaggiaresicuri.it/index_en.html
https://www.italia.it/en/covid19

Формулар за аплицирање: Доколку сте заинтересирани да аплицирате, пополнете го ОВОЈ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ најдоцна до 25.04.2022 година.

Партиципација: 10 евра само за избраните учесници. Трошоците од партиципација се собираат во фонд за резервација на карти или поддршка на надминатиот износ за патни трошоци кога се вклучени млади луѓе со помалку можности.