Повик за учество на “Kino Kabaret creACTive“

Младинската организација Креактив од Кавадарци отвора повик за учество на проектот “Kino Kabaret creACTive”.
 
Преку проектот учесниците ќе се здобијат со основни знаења за креирање на краток филм, а истовремено ќе имаат можност заедно да снимат свој сопствен краток филм. Проектот се состои од 3-дневна едукативна обука и 4-дневно снимање на авторските филмови, со поддршка од едукатор и младински работник.
 
– Програмата е наменета за млади од 15 до 22 години.
– Едукативните работилници ќе се одржат од 20 до 22.04.2022 година.
– Снимањето на филмовите ќе се одвива од 3 до 8.05.2022 година.
 
За време на едукативните работилници и снимањето на филмовите ќе бидат обезбедени ручек и вечера за учесниците. Тимовите ќе имаат на располагање и основна полу-професионална опрема за снимање на филмовите: камера, светла и микрофони.
Сите заинтересирани за учество треба да се пријават со пополнување на оваа пријава најдоцна до 13.04.2022. 
 
Избраните учесници ќе бидат информирани до 16.04.2022.
 
“Kino Kabaret creACTive” е проект на Младинската организација Креактив од Кавадарци, финансиски поддржан од Проектот ЕУ СО ТЕБЕ 2021 од Europe House Skopje, Delegation of the European Union, Skopje и Европска Унија. 

Сподели на