ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – ОБУКА ЗА ПРИМЕНА НА ФОРУМ ТЕАТАР ВО МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Форум цивилен мировен сервис, во соработка со Association for Educational Development – Ekvalis / Еквалис и Медиа Артес од Охрид, ги поканува сите заинтересирани едукатори, активни во формалното и неформалното образование како и младински работници, социјални работници, психотерапевти, советувачи, мировни активисти и сл, да се пријават за учество во обука за примена на форум театар како алатка за креирање на безбеден простор за дискутирање на размислувања, стравови, ставови, искуства и сл. поврзани со справување со етноцентрични наративи, стереотипи, предрасуди и дискриминација како и за соочување и справување со минати трауматски искуства и иницирање на лични и социјални трансформации.
Обучувачки на обуката се Јасмина Билаловиќ и Сања Михајловска. Обуката ќе се одржи во периодот од 25 до 29 мај во Охрид. Работен јазик: македонски со обезбеден превод на албански.
 
После обуката планирано е учесниците, во 4 групи и под менторство на обучувачките, да подготват и спроведат по една форум театар изведба на 4 различни локации низ државата и пред различни целни групи, кои заеднички ќе се одредат за време на обуката.
 
Сите заинтересирани за учество, се замолуваат, до 13.05.2022, да се пријават со пополнување на прашалникот достапен на овај линк: https://forms.gle/precMMhjc7Cs6A4h6
Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 16.05.2022.

Работилници за застапување на младински приоритети

Драги млади! Дали се соочувате со одредени проблеми во вашата заедница и сакате истите да ги решите? Дали сакате да имате проактивна улога во вашата општина, но не знаете како и каде да ги застапувате вашите идеи и интереси? Младински образовен форум (МОФ) во соработка со 6 младински организации од различни региони во државата во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард“ поддржана од ФООМ, организира работилници за млади  во градовите и околните населени места на општина Штип, Струга, Гевгелија, Струмица, Теарце и Битола со цел младите да се запознаат со процесот за застапување и директно да се вклучат во процесот на мапирање на нивните проблеми во местото во кое живеат.

По завршувањето на работилниците, учесниците ќе имаат можност да бидат ко-автори на заеднички документ за јавни политики, кој ќе содржи приоритети и препораки за подобрување на нивната општина. Документот потоа ќе биде споделен со носителите на одлуки во нивната локална заедница.  

По учеството на оваа работилница, младите ќе се стекнат со сертификат за учество на работилница за застапување. Работилниците се планирани да се оддржат за време на месец мај, 2022 година. Предавачи на обуката ќе бидат искусни тренери од МОФ. При селекција на учесниците, предност ќе се даде на младите кои се резиденти во рурални средини. Во однос на форматот на обуката, ќе бидете дополнително известени.

Доколку сте заинтересирани и живеете во помала локална заедница, како и надвор од Град Скопје, пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/G7wDfUVgJiAzkNXH8



OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:

Работна позиција: Менаџер за комуникации 

Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

Профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Самоиницијативност и способност за работа под притисок.

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
  • Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (предност);
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со јавност;
  • Познавање на програми за дизајнирање, WordPress и Microsoft Office;
  • Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;

ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Менаџирање на канцеларијата за комуникации и координација со асистент/ите за комуникации;
  • Континуирано следење и поддршка на работата на асистентите за комуникација и евалуација на нивната успешност;
  • Воспоставување правила за интерна и екстерна комуникација и брендирање на НМСМ;
  • Координација на примената на правилата за интерна и екстерна комуникација и брендирање;
  • Подготовка, развој и спроведување на комуникациски стратегии, правилници и други документи за комуникација со јавноста;
  • Координација на процесите на прибирање информации за веб страна и за другите социјални медиуми на НМСM;
  • Промовирање на постигнати резултати на НМСМ во координација со програмски менаџери и Генерален секретар;
  • Креирање на нови алатки и механизми за зголемување на видливоста на работата на НМСМ;
  • Континуирано координирање на комуникацијата со медиуми за НМСМ;
  • Грижа за видливоста на активностите на организацијата;
  • Координација на видливоста на спроведувани активности на сите организации членки на НМСМ;
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Програмски менаџери и Управниот одбор;
  • Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.


ШТО НУДИМЕ?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
  • Почетна плата од 32 000 денари, нето износ.


КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Менаџер за комуникации најдоцна до 29.05.2022 до 23:59 часот.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Позиција: Координатор на 3 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно)

Вид договор: Привремен договор со посебни услови

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.

За време на оваа фаза на проектот (која е 5 месеци), персоналот ќе има склучен договор со проектот и ке биде платен од истиот. Планот е по крајот на овие 5 месеци, персоналот што работи во станбените единици за живеење да биде пренесен во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика. За потребите на проектот, објавуваме оглас за Координатор (1).

Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција)

Ја координира работата во одделот и врши стручна работа во насока на ефективно ,ефикасно и економично работење,и реализација на поставените цели и надлежности на одделот.

Должности и одговорности (Координатор )

Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици (вкупно 12 негуватели и 1 физиотерапевт)

Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците.

Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен  план  за работа на членовите од стручниот тим  за третман на корисниците ,

Го следи реализирањето на планот, ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа,

Ја следи почетната адаптација на корисникот,

Работи на сопствениот траен и професионален развој поради одржување и подобрување на квалитетот на работењето во сервисот,

Се координира и информира со тимот на Крик и ПИН за текот и резултатите од третманот на корисниците,

Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува месечен и годишен извештај за работата на одделот

Спроведува дефектолошки, рехабилитациски и корективен третман

Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активнсти со постојан надзор и поттикнување.

Изготвува:

-Наод и мислење на стручен работник – дефектолог,

-Наод и мислење на стручен тим,

-Лист за следење на работата со корисникот на социјална заштита,

-план за индивидуална работа

– третман со корисникот на социјална заштита,

-Извештај за Индивидуална работа

– третман на корисникот на социјална заштита,

-Непосредна комуникација и координација со останатите вработени,

-Ги подобрува интерперсоналните односи на вработените во организацијата и создава позитивна клима за работа.

Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Пржино и местото каде станбените единици се и тоа: Кисела Вода, Хром и Козле.

Почеток на работата: што е можно побрзо по завршување на отворениот повик и интервјуата (очекувано кон крајот на мај 2022)

Во период на мај и јуни се планирани чести посети на Специјалниот завод Демир Капија како би се подготовувале корисниците за преселба во Скопје.

Почетна плата: 28 000 мкд нето.

Потребни квалификации:

да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да се биде возрасен

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

Високо образование во областа на: Социјална работа, психологија или специјална едукација

Како да се аплицира

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 16.05.2022 година , во 23:59 часот.