Работилници за застапување на младински приоритети

Драги млади! Дали се соочувате со одредени проблеми во вашата заедница и сакате истите да ги решите? Дали сакате да имате проактивна улога во вашата општина, но не знаете како и каде да ги застапувате вашите идеи и интереси? Младински образовен форум (МОФ) во соработка со 6 младински организации од различни региони во државата во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард“ поддржана од ФООМ, организира работилници за млади  во градовите и околните населени места на општина Штип, Струга, Гевгелија, Струмица, Теарце и Битола со цел младите да се запознаат со процесот за застапување и директно да се вклучат во процесот на мапирање на нивните проблеми во местото во кое живеат.

По завршувањето на работилниците, учесниците ќе имаат можност да бидат ко-автори на заеднички документ за јавни политики, кој ќе содржи приоритети и препораки за подобрување на нивната општина. Документот потоа ќе биде споделен со носителите на одлуки во нивната локална заедница.  

По учеството на оваа работилница, младите ќе се стекнат со сертификат за учество на работилница за застапување. Работилниците се планирани да се оддржат за време на месец мај, 2022 година. Предавачи на обуката ќе бидат искусни тренери од МОФ. При селекција на учесниците, предност ќе се даде на младите кои се резиденти во рурални средини. Во однос на форматот на обуката, ќе бидете дополнително известени.

Доколку сте заинтересирани и живеете во помала локална заедница, како и надвор од Град Скопје, пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/G7wDfUVgJiAzkNXH8



Сподели на