Регионална обука за Соочување со минатото и конфликт – сензитивно новинарство 

форумЗФД Косово и С.Македонија, во соработка со Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) и Балкон3, организираат регионална обука за важни теми од конфликт сензитивното новинарство и соочување со минатото.

 

  1. Вовед во мировно новинарство
  2. Известување за соочување со минатото
  3. Улогата на медиумите во помирувањето
  4. Лажни вести и соочување со минатото
  5. Продукција на новинарска содржина – стории, подкасти и блогови

 

Како е структурирана обуката?

Обуката со физичко присуство ќе се одржи во Приштина, Косово од 10ти до 12ти октомври, 2022 и е организирана во соработка со Центарот за глобално мировно новинарство при Парк Универзитетот (САД). 

Главниот обучувач, Професор Стивен Јангблад (Раководител на Центарот за глобално мировно новинарство) ќе биде задолжен за обуката, во соработка со локалните партнери. Работниот јазик и материјалите за работа ќе бидат достапни на англиски јазик. 

На учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе им бидат доделени сертификати. Дополнително, учесниците ќе имаат шанса за публикување на една сторија, подкаст или блог на медиумски портали – локални и меѓународни. За ова, учесниците ќе добијат и финансиски надомест. 

По завршување на обуката, учесниците ќе имаат можност да продолжат да подготвуваат статии за регионалниот магазин на форумЗФД – Балкански. Перспективи и пократки блогови за регионалниот блог – Dealing with the Past (DwP) blog.

Кој има право да аплицира? 

Млади новинари од секоја заедница и медиуми од Косово и С. Македонија. 

Доколку сте заинтересирани, пополнете го формуларот на следниот линк.

За дополнителни информации, не двоумете сe да не контактирате!

За Косово: [email protected] и [email protected]

За С. Македонија: [email protected] и [email protected] 

Периодот за аплицирање е отворен од 15ти септември до 5ти октомври, 2022.

Повик за проектен асистент

СФЕРА Интернешнал имаат отворен повик за следната работна позиција – Проектен Асистент
Работни задачи
• Логистика при организирање на настани
• Креирање на извештаи за организираните настани
• Водење на онлајн и офлајн архива со документи и материјали
• Комуникација со персонал, волонтери, институции и крајни корисници
• Одржување на јасна, едноставна, ефикасна и навремена комуникација (Веб страна, информатори, брошури, апликации, проекти, прирачници, формулари…).
• Подготовка и поднесување на договори, барања, молби, жалби, соопштенија и комуникација со институции.
• Одржување на комуникација со корисниците преку меилинг листи и социјални медиуми
• Промовирање на активностите преку веб страна и социјални медиуми
• Помагање во организација на проектните активности (административно во канцеларија и на терен).
Квалификации
– Универзитетско образование (завршено или во фаза на студии)
– Силни комуникациски вештини (пишување, говор)
– Одлично познавање на англиски јазик (пишан, говорен)
– Разбирање на софтвер (Windows, MS Office, Internet, Cloud, Apps)
– Релевантно искуство (се смета за предност)
– Способност за работа на своја иницијатива
– Сигурност и доверливост
НИЕ НУДИМЕ
– Добри услови за работа
– Флексибилнa работна средина
– Можност професионален развој работејќи на ЕУ проекти
– Стабилен работен ангажман со полно работно време (40 часа)
– Пробен период од 1 месеци на половина работно време со платен надомест врз основа на договор на дело.
– Работна позиција во Канцеларија во БИТОЛА
АПЛИЦИРАЈ
– Испратете CV и мотивациско писмо на [email protected]
– Само релевантните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
– Краен рок за пријавување: 30 Септември 2022.