Регионална обука за Соочување со минатото и конфликт – сензитивно новинарство 

форумЗФД Косово и С.Македонија, во соработка со Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) и Балкон3, организираат регионална обука за важни теми од конфликт сензитивното новинарство и соочување со минатото.

 

  1. Вовед во мировно новинарство
  2. Известување за соочување со минатото
  3. Улогата на медиумите во помирувањето
  4. Лажни вести и соочување со минатото
  5. Продукција на новинарска содржина – стории, подкасти и блогови

 

Како е структурирана обуката?

Обуката со физичко присуство ќе се одржи во Приштина, Косово од 10ти до 12ти октомври, 2022 и е организирана во соработка со Центарот за глобално мировно новинарство при Парк Универзитетот (САД). 

Главниот обучувач, Професор Стивен Јангблад (Раководител на Центарот за глобално мировно новинарство) ќе биде задолжен за обуката, во соработка со локалните партнери. Работниот јазик и материјалите за работа ќе бидат достапни на англиски јазик. 

На учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе им бидат доделени сертификати. Дополнително, учесниците ќе имаат шанса за публикување на една сторија, подкаст или блог на медиумски портали – локални и меѓународни. За ова, учесниците ќе добијат и финансиски надомест. 

По завршување на обуката, учесниците ќе имаат можност да продолжат да подготвуваат статии за регионалниот магазин на форумЗФД – Балкански. Перспективи и пократки блогови за регионалниот блог – Dealing with the Past (DwP) blog.

Кој има право да аплицира? 

Млади новинари од секоја заедница и медиуми од Косово и С. Македонија. 

Доколку сте заинтересирани, пополнете го формуларот на следниот линк.

За дополнителни информации, не двоумете сe да не контактирате!

За Косово: [email protected] и [email protected]

За С. Македонија: [email protected] и [email protected] 

Периодот за аплицирање е отворен од 15ти септември до 5ти октомври, 2022.

Сподели на