[Младински Локални Банки] Завршен настан-Изложба на фотографии и уметнички дела „Младите за општинатa“

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.
Со младинската банка Центар, со поддршка на Младите можат и Општина Центар , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. 
Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Во текот на месец Јули, одборот на Младинската банка отвори повик за младински иницијативи кои ќе бидат поддржани од фондот на Младинската Банка на општина Центар. Во периодот Август-Октомври избраната иницијатива се реализираше и конечно дојде моментот…
Ве покануваме на завршниот настан од проектот Младински Локални Банки-општина Центар. На завршниот настан ќе бидат претставени резултатите од проектот и ќе биде отворена изложбата на фотографии и уметнички дела „Младите за општината!“
Младите од општината ги детектираа проблемите со кои се соочуваат низ годините и одлучија дека ваков тип на настан е одличен почеток за промени во општината и зголемен број на културни настани за младите. Изложбата „Младите за општината!“ го решава еден од главните проблеми детектиран во анализата „Потребите на младите на локално ниво“- а тоа е недостаток на културни настани за младите.
Ги мотивираме сите уметници и љубители на фотографијата да се приклучат на оваа изложба и да ги достават нивните фотографии и уметнички дела (без ограничувања на тематика и формат) најдоцна до 27.10.2022 (четврток) до 15.00 часот во канцеларијата на Младите Можат (Булевар Илинден бр.47-3).
На 28.10.2022 со почеток во 14.00 часот во Младинскиот центар Матично сите млади, уметници и претставници од општината ќе присуствуваат на изложбата и заедно ќе го направат првиот чекор кон реализација на повеќе културни настани за младите од општина Центар.
📆28.10.2022
⏳14.00 часот
📍 Младински центар Матично
Иницијативата Младински Локални Банки се спроведува во рамки на проектот “All for You(th)“ финансиран од Европската комисија, a го имплементира Здружение на граѓани Младите Можат со поддршка на општина Центар.

OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ

Поради зголемен обем на активности и проекти, НМСМ објавува оглас за:

Работна позиција: Менаџер за комуникации

Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

Профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
 

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
  • Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (предност);
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со јавност;
  • Познавање на програми за дизајнирање, WordPress и Microsoft Office;
  • Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција.
 

ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Менаџирање на канцеларијата за комуникации и координација со асистент/ите за комуникации;
  • Подготовка, развој и спроведување на комуникациски стратегии, правилници и други документи за комуникација со јавноста;
  • Промовирање на постигнати резултати на НМСМ во координација со програмски менаџери и Генерален секретар;
  • Креирање на нови алатки и механизми за зголемување на видливоста на работата на НМСМ;
  • Грижа за видливоста на активностите на организацијата;
  • Координација на видливоста на спроведувани активности на сите организации членки на НМСМ;
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
  • Редовна координација со Генералниот секретар, Програмски менаџери и Управниот одбор;
  • Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
 

ШТО НУДИМЕ?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Почетна нето плата од 36 000 денари (со платени придонеси).
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
 

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Менаџер за комуникации најдоцна до 02.11.2022 до 23:59 часот.

Претселектираните кандидати ќе бидат поканети на тестирање. 

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.