[Младински Локални Банки] Завршен настан-Изложба на фотографии и уметнички дела „Младите за општинатa“

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.
Со младинската банка Центар, со поддршка на Младите можат и Општина Центар , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. 
Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Во текот на месец Јули, одборот на Младинската банка отвори повик за младински иницијативи кои ќе бидат поддржани од фондот на Младинската Банка на општина Центар. Во периодот Август-Октомври избраната иницијатива се реализираше и конечно дојде моментот…
Ве покануваме на завршниот настан од проектот Младински Локални Банки-општина Центар. На завршниот настан ќе бидат претставени резултатите од проектот и ќе биде отворена изложбата на фотографии и уметнички дела „Младите за општината!“
Младите од општината ги детектираа проблемите со кои се соочуваат низ годините и одлучија дека ваков тип на настан е одличен почеток за промени во општината и зголемен број на културни настани за младите. Изложбата „Младите за општината!“ го решава еден од главните проблеми детектиран во анализата „Потребите на младите на локално ниво“- а тоа е недостаток на културни настани за младите.
Ги мотивираме сите уметници и љубители на фотографијата да се приклучат на оваа изложба и да ги достават нивните фотографии и уметнички дела (без ограничувања на тематика и формат) најдоцна до 27.10.2022 (четврток) до 15.00 часот во канцеларијата на Младите Можат (Булевар Илинден бр.47-3).
На 28.10.2022 со почеток во 14.00 часот во Младинскиот центар Матично сите млади, уметници и претставници од општината ќе присуствуваат на изложбата и заедно ќе го направат првиот чекор кон реализација на повеќе културни настани за младите од општина Центар.
📆28.10.2022
⏳14.00 часот
📍 Младински центар Матично
Иницијативата Младински Локални Банки се спроведува во рамки на проектот “All for You(th)“ финансиран од Европската комисија, a го имплементира Здружение на граѓани Младите Можат со поддршка на општина Центар.

Сподели на