Повик за учесници на обука за млади на тема: Мапирање, лобирање и застапување на младински прашања во локалните средини

Повик за учесници на обука за млади на тема: Мапирање, лобирање и застапување на младински прашања во локалните средини

Обуката се спроведува во рамките на проектот Промената доаѓа од младите, поддржан во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Главна цел на проектот е активно вклучување на младите од К. Вода во развојот на својата општина. Проектот е со времетрање од 12 месеци и започна со спроведување на активности на 01.09.2022.

Кога: Обуката е замислена да се спроведува во 10 дена во текот на октомври и ноември каде младите ќе учат како да мапираат, лобираат и застапуваат младински прашања.

Што: Секоја од трите теми ќе биде застапена со по 3 дена обука, додека еден ден е оставен за запознавање, споделување основни информации за процесот и градење на групата.

Обуката ќе се спроведе користејќи ги методите на неформалното образование.

Каде: Обуката ќе се спроведе во Младинскиот центар Крикни, кој се наоѓа во Месната заедница во Црниче.

Учесници: Како учесници на обуката ќе се појават млади лица од општина Кисела Вода (кои учат или живеат во општината) на возраст од 15 до 20 години. Целната група се млади лица со типичен развој од заедницата (50% од учесниците) и млади лица со интелектуална попреченост.

Како да аплицирате: Пополнете го следниот линк тука

По обуката се планирани активности на групата под менторство на младински работници.

5 групи ќе бидат формирани од учесниците (во секоја од групите по 4 учесници) кои ќе спроведуваат активности на локално ниво во о. Кисела Вода. Активностите ќе се одвиваат во период од декември 2022 до мај 2023 година. Групата ќе биде потребно да биде ангажирана по еднаш неделно во текот на периодот. Времето на состанувањето ќе биде определено во контакт со групата. Во текот на спроведувањето на активностите, групите ќе:

-мапираат локални младински прашања во о. Кисела Вода

-ќе организираат младински настани со цел да се мапираат прашањата

-ќе предложат решенија за тековните прашања кои се мапирани.

Повикот е отворен до 27.10.2022 година.

Првата обука е планирано да започне на 31ви октомври. Текот на останатите обуки ќе биде договорен со останатите учесници.

Локална стратегија за млади на општина Струмица

🙋‼️ ВКЛУЧИ СЕ во обликување на локалната стратегија за млади на Општина Струмица ‼️
💁 Започнуваме со изработка на Локална стратегија за млади на општина Струмица за 2023 – 2027 година со која ќе ја градиме сегашноста, а ќе ја проектираме иднината на младите во општина Струмица. 

🫵 Доколку си млад човек на возраст од 15 до 29 години, вклучи во процесот преку пополнување на следниот анкетен прашалник и обликувај ја општината по своја мерка: 👉https://forms.gle/ytrYp6VtVL2QVnSX9

📊 Со добиените резултати од прашалникот, ќе се утврдат наодите од перцепцијата на младите и нивните потреби и ќе се соберат сите потребни информации кои ќе се искористат во креирањето на стратегијата. ✔️

🗣️ Во рамки на процесот на креирање на стратегијата ќе бидат организирани и фокус групи со целни групи, тркалезна маса, како и полуструктуирани интервјуа со носители на одлуки и форми на младинско организирање. 
💁 Учествувај во Локалната Стратегија за млади 2023 – 2027 🙋

Обука за заштита на лични податоци за претставници на младински организации

🗣 Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации да бидат дел од четиридневна онлајн обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. 
👩🏻‍🏫 Оваа обука ќе им помогне на организациите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.
👨🏻‍💻 Обуката ќе се спроведе на платформата Zoom и ќе биде организирана во 4 сесии кои ќе се одржат на: 31-ви октомври; 2-ри, 4-ти и 7-ми ноември, со почеток во 10 часот. 
📋 Агендата за сите 4 дена може да ја најдете на овој линк 👇🏻
🔗 https://tinyurl.com/agenda-obuka2
👩🏻‍💻 Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк 👇🏻
🔗https://shorturl.at/qIT57
Ги очекуваме вашите пријави. 🙌🏻