Повик за учесници на обука за млади на тема: Мапирање, лобирање и застапување на младински прашања во локалните средини

Повик за учесници на обука за млади на тема: Мапирање, лобирање и застапување на младински прашања во локалните средини

Обуката се спроведува во рамките на проектот Промената доаѓа од младите, поддржан во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Главна цел на проектот е активно вклучување на младите од К. Вода во развојот на својата општина. Проектот е со времетрање од 12 месеци и започна со спроведување на активности на 01.09.2022.

Кога: Обуката е замислена да се спроведува во 10 дена во текот на октомври и ноември каде младите ќе учат како да мапираат, лобираат и застапуваат младински прашања.

Што: Секоја од трите теми ќе биде застапена со по 3 дена обука, додека еден ден е оставен за запознавање, споделување основни информации за процесот и градење на групата.

Обуката ќе се спроведе користејќи ги методите на неформалното образование.

Каде: Обуката ќе се спроведе во Младинскиот центар Крикни, кој се наоѓа во Месната заедница во Црниче.

Учесници: Како учесници на обуката ќе се појават млади лица од општина Кисела Вода (кои учат или живеат во општината) на возраст од 15 до 20 години. Целната група се млади лица со типичен развој од заедницата (50% од учесниците) и млади лица со интелектуална попреченост.

Како да аплицирате: Пополнете го следниот линк тука

По обуката се планирани активности на групата под менторство на младински работници.

5 групи ќе бидат формирани од учесниците (во секоја од групите по 4 учесници) кои ќе спроведуваат активности на локално ниво во о. Кисела Вода. Активностите ќе се одвиваат во период од декември 2022 до мај 2023 година. Групата ќе биде потребно да биде ангажирана по еднаш неделно во текот на периодот. Времето на состанувањето ќе биде определено во контакт со групата. Во текот на спроведувањето на активностите, групите ќе:

-мапираат локални младински прашања во о. Кисела Вода

-ќе организираат младински настани со цел да се мапираат прашањата

-ќе предложат решенија за тековните прашања кои се мапирани.

Повикот е отворен до 27.10.2022 година.

Првата обука е планирано да започне на 31ви октомври. Текот на останатите обуки ќе биде договорен со останатите учесници.

Сподели на