YouthWiki: Работилница за младински политики

На 11 април 2023 година (вторник) со почеток во 11 часот, придружете ни се на „YouthWiki: Работилница за младински политики“ во Europe House Skopje!

За време на работилницата, ќе можете да ја истражите платформата #YouthWiki – првата онлајн енциклопедија и сеопфатна база на податоци за младинските политики.

Настанот ќе го започнеме со воведни зборови од Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; Маријана Ангелова, генерален секретар на #НМСМ; и Ане Матевска, програмски координатор во #НМСМ.

Дополнително, ќе има и модерирана дискусија за актуелните младински политики опфатени со сите 10 поглавја на #YouthWiki. Не ја пропуштајте оваа шанса да се вклучите во разговорот!

За повеќе информации, можете да ја погледнете целосната агенда достапна на овој линк.

За да го пријавите вашето учество, пополнете го следниов формуларот достапен тука.

Ве очекуваме!

Ученичката компанија luftON креираше иновативен еколошки производ – мастило од штетни саѓи

Дали сте помислиле дека е возможно да ги печатите вашите документи и притоа да придонесете за намалено загадување? Ученичката компанија luftON креираше иновативен еколошки производ – мастило од штетни саѓи, кое може да се користи во сите инк-џет принтери.

luftON се тим од млади ентузијасти кои се борат со загадувањето во нашата земја. Инспирирани (поточно иритирани) од масовната употреба на принтани документи, тие решија да најдат намена на загадениот воздух и буквално да го стават на лист хартија. Идејата е едноставна и функционална. Од отпадните саѓи од оџаците, првенствено од домаќинствата, кои се главни загадувачи, преку хемиски процес креираа мастило за печатење.

Но, потребна им е помош. Процесот на прочистување на саѓите е започнат и добиено е мастило, но за да продолжат потребни им се материјали за производство и пакување на мастилото. Со донирање на средства, можете да ги поддржите и во исто време да придонесете кон намалување на загадувањето на воздухот.

luftON најдоа начин да спречат саѓите да ја загадуваат околината и пронајдоа употреблива функција за нив. Преку ова рециклирање и пренамена се затвора циклусот на загадување и се формира круг на самоодржливост и циркуларна економија. Нивната цел е да создадат комерцијално употреблив производ, кој ќе може да најде широка примена во секојдневниот живот.

Можете да донирате и да ги поддржите luftON на следниот линк:

https://ecrowd.mk/projects/7c60fbc8-6bb4-4c1f-8533-54de86ccafef