Ученичката компанија luftON креираше иновативен еколошки производ – мастило од штетни саѓи

Дали сте помислиле дека е возможно да ги печатите вашите документи и притоа да придонесете за намалено загадување? Ученичката компанија luftON креираше иновативен еколошки производ – мастило од штетни саѓи, кое може да се користи во сите инк-џет принтери.

luftON се тим од млади ентузијасти кои се борат со загадувањето во нашата земја. Инспирирани (поточно иритирани) од масовната употреба на принтани документи, тие решија да најдат намена на загадениот воздух и буквално да го стават на лист хартија. Идејата е едноставна и функционална. Од отпадните саѓи од оџаците, првенствено од домаќинствата, кои се главни загадувачи, преку хемиски процес креираа мастило за печатење.

Но, потребна им е помош. Процесот на прочистување на саѓите е започнат и добиено е мастило, но за да продолжат потребни им се материјали за производство и пакување на мастилото. Со донирање на средства, можете да ги поддржите и во исто време да придонесете кон намалување на загадувањето на воздухот.

luftON најдоа начин да спречат саѓите да ја загадуваат околината и пронајдоа употреблива функција за нив. Преку ова рециклирање и пренамена се затвора циклусот на загадување и се формира круг на самоодржливост и циркуларна економија. Нивната цел е да создадат комерцијално употреблив производ, кој ќе може да најде широка примена во секојдневниот живот.

Можете да донирате и да ги поддржите luftON на следниот линк:

https://ecrowd.mk/projects/7c60fbc8-6bb4-4c1f-8533-54de86ccafef

Сподели на