Дојди на пикник – завршен настан на иницијативата „Што е (не)сработено?“

Центарот за младински активизам Крик на 12.04.2023 со почеток во 12:30ч. во спортската сала на ОУ Невена Георгиева Дуња ќе се одржи последниот настан од иницијативата „Што е (не)сработено?“ насловен како Дојди на пикник. На овој настан ќе имаме можност да се запознаете повеќе со резултатите на инцијативата и повеќе да разговараме за вклученоста на лицата со попреченост во секојдневниот живот.

Настанот е замислен како непосреден начин преку кој лицата со попреченост ќе можат погласно да проговорат за предизвиците со кои тие се соочуваат и што можеме сите ние да промениме.

Оваа иницијатива има за цел да ја подобри видливоста на локално ниво, тема на мониторирање на оваа иницијатива е предизборното ветување на градоначалникот на Општина Кисела Вода за изградба на сензорни соби во сите основни училишта на локално ниво. Сензорните соби се посебно опремени и прилагодени соби и истите се опремени со посебни реквизити, материјали и сензорно осветлување кое има смирувачко дејство врз учениците. Во моментов на територијата на општина Кисела Вода од вкупно 8 основни училишта има изградено 6 сензорни соби.

*Објавата е дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на оваа објава не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Првиот мобилен Биоразградувач за домашна употреба на Балканот

Време е да го спречиме нерационалниот пристап кон остатоците од храна во домаќинствата.

Тимот од СОУ „Гостивар“ е во процес на креирање на биоразградувач „ТТД“ на биоразградлив отпад кој ќе го трансформира во биогас и ќе произведува електрична енергија за домашна употреба.

Преку употребата на ваков тип на биоразградувач можеме да придонесеме кон зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа директно, позитивно да влијаеме врз животната средина. Младите иноватори кои се дел од овој тим веруваат дека промените започнуваат од секој поединец и дека секој треба да донесе одлука која води кон превземање на акција за поздрава и почиста животна средина.

За да продолжат со реализација на нивното иновативно решение потребни им се 48 000 ден. кои ќе бидат употребени за набавка на материјали кои имаат за цел да го направат постоечкиот прототип поевтин и достапен за секого.

Иновативното решение на тимот од СОУ „Гостивар“ може да го поддржите преку ваша донација која може да ја направите на следниот линк: https://ecrowd.mk/projects/2501ffbc-77b3-406d-bbd4-d69553d671dd

Средношколци од Делчево креираа електростатски филтри за намалување на загаденоста на воздухот

Тимот од СОУ„Методи Митевски – Брицо Делчево го изработија првиот електростатски филтер кој работи по принципот на електростатско поле.

Електростатскиот филтер e уред кој се поставува на излезот од печка или оџак и служи за прилепување на штетните честички CO2 од огревното дрво и други токсични материјали кои се користат за затоплување. Филтерот се поставува еднаш и се користи засекогаш, што значи дека за истиот нема потрошни материјали и лесно се одржува.

Младите иноватори го креираа ова иновативно решение во рамки на програмата за социјални иновации UPSHIFT и моментално им се потребни 60 000 ден. за набавака на материјали и изработка на повеќе филтри.

Нивната мисија е: Општина Делчево да стане почисто место на живеење, а за да ја остварат истата имаат потреба од вашата поддршка. Моментално во тек е нивната crowdfunding кампања преку која може да направите донација за поддршка и реализација на нивниот еко-проект.

Вашата донација за изработка на што повеќе електростатски филтри може да ја направите преку следниот линк:  https://ecrowd.mk/projects/18a0f633-760f-48b2-8037-ec5578347506