Средношколци од Делчево креираа електростатски филтри за намалување на загаденоста на воздухот

Тимот од СОУ„Методи Митевски – Брицо Делчево го изработија првиот електростатски филтер кој работи по принципот на електростатско поле.

Електростатскиот филтер e уред кој се поставува на излезот од печка или оџак и служи за прилепување на штетните честички CO2 од огревното дрво и други токсични материјали кои се користат за затоплување. Филтерот се поставува еднаш и се користи засекогаш, што значи дека за истиот нема потрошни материјали и лесно се одржува.

Младите иноватори го креираа ова иновативно решение во рамки на програмата за социјални иновации UPSHIFT и моментално им се потребни 60 000 ден. за набавака на материјали и изработка на повеќе филтри.

Нивната мисија е: Општина Делчево да стане почисто место на живеење, а за да ја остварат истата имаат потреба од вашата поддршка. Моментално во тек е нивната crowdfunding кампања преку која може да направите донација за поддршка и реализација на нивниот еко-проект.

Вашата донација за изработка на што повеќе електростатски филтри може да ја направите преку следниот линк:  https://ecrowd.mk/projects/18a0f633-760f-48b2-8037-ec5578347506

Сподели на