Повик за финансиска поддршка на младински иницијативи / акции

Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС во име на проектот „Младите – агенти на променaтa“ финансиран од Европската Унија, објавува Повик за поднесување апликации за финансиска поддршка за младински иницијативи/акции со фокус на волонтерство и активизам кај младите во Република Северна Македонија.

Повикот е отворен од 03.04.2023 година, а краен рок за доставување на апликации е до исцрпување на фондот или најдоцна до 31.12.2023 година пред 16:00 часот локално време.

Приоритетни цели, области и приоритетни прашања на проектите:

Приоритетна цел 1: Волонтерството и активизмот на младите како движечка сила за промени во заедницата

  • Област 1: Животни вештини и вештини на 21 век
  • Област 2: Заштита на животната средина
  • Област 3: Самовработување и социјални претпријатија
  • Област 4: Меѓукултурен дијалог
  • Oбласт 5: Младинско учество
  • Oбласт 6: Локални младински патеки

Големина на грантовите

Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да се движи меѓу следниве минимални и максимални износи:

  • Минимален износ: 18 450 денари
  • Максимален износ: 120 000 денари

Поддршката која ќе ја добијат организациите, фондациите или неформалните групи ќе биде in-kind поддршка, односно тоа значи дека трошоците ќе бидат исплаќани директно од сметката на проектот на Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) со претходно одобрено барање за искористување на средствата. Во однос на ко-финансирање, грантистите се охрабруваат да обезбедат учество од сопствени средства или од средства на локалните самоуправи (општините) во кои се имплементираат активностите.

Време на имплементација: 

Секоја акција во рамките на овој повик за поднесување пријави за поддршка за предлог – иницијативите мора да биде во времетраење од 1 до 6 месеци. 

Критериуми за подобност 

Постојат две групи на подобни подносители за овој повик и тоа:

  • Неформална група млади  и
  • Здруженија на граѓани и фондации

Краен рок за поднесување пријави

Повикот за грантови ќе биде отворен до 31.12.2023, до исцрпување на фондот. За доделување грантови комисијата ќе направи вкупно 4 пресеци за евалуација и доделување грантови. Сите пресеци ќе бидат на првиот ден од месецот, односно рокот за поднесување апликации е заклучно со претходниот ден пред 16:00 часот по локално време за што сведочи датумот на прием (мај, август, ноември 2023, јануари 2024). Секоја пријава поднесена по истекот на последниот рок автоматски ќе биде пренесена за наредниот пресек за евалуирање, заклучно со 31.12.2023, кога се затвара процесот на евалуација.

Е-маил адреса: [email protected] 

Онлајн информативна сесија: 13.04.2023 година 12:00 часот.

Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/83180446181?pwd=eE9teXFnZmR1a1JrT3JleUFWSEtrQT09

Детални упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги најдете подолу:

  • Повик за финансиска поддршка на младински иницијативи / акции Преземете
  • Образец за апликација Преземете
  • Образец за буџет Преземете
  • Тековна состојба на организацијата (доколку апликантот е организација);
  • Образец за изјава за партнерство со општина (доколку е обезбедено) Преземете
  • Изјава за намера за аплицирање (доколку апликантот е неформална група млади) Преземете

Информативни документи

Сподели на