ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦЕ ЗА ПОДДРШКА НА ВОЛОНТЕРИ СО ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ

Центар за Младински Активизам Крик – ЦМА КРИК СКОПЈЕ има потреба од 1 лице за привремена поддршка на волонтери при реализацијата на активностите од волонтерски проект.

Главни задолженија и обврски

Под раководство на Координаторот на ЕСК и Еразмус+ програмата, лицето ќе ги извршува следниве активности:

• Обезбедува логистика и друга неопходна поддршка на волонтери со и без попреченост;
• Обезбедува помош и поддршка при реализација на активностите на волонтерите;
• Обезбедува јазична поддршка (уснен превод) на волонтерите при реализација на работилниците;

Потребни квалификации:

Сите заинтересирани кандидати за аплицирање на овој повик потребно е да:

• Минимум завршено средно образование, предност би имале студенти или дипломирани на општествени науки (Социјална работа, Психологија, Социологија, Специјална едукација и рехабилитација, Педагогија и др.)
• Има искуство во спроведување на работилници
• Има познавање од англиски јазик
• Комуникациски и компјутерски вештини

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: [email protected]

Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.04.2023 до 12 часот.

Работниот ангажман се однесува на период од 1 Мај до 31 Јули 2023 година, со флексибилно работно време во времетраење од најмногу 4 часа. Работните часови ќе се реализираат во стандардното работно време.

Надоместокот за работниот ангажман изнесува 15.000 денари бруто.

Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Сподели на