ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР ЗА КОМУНИКАЦИИ

Вклучи се во тимот на LEAD!

Објавуваме повик за координатор за комуникации!

Учество во проекти и програми со млади луѓе.

ГЕНЕРАЛНА УЛОГА И МАНДАТ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • 1.1. Координаторот за комуникации е одговорен за креирањето содржини за јавните гласила на организацијата како и промоција на програмите, проектите и услугите на организацијата во јавноста.

ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

Креирање на содржини

  • 2.1. Подготвува содржини за регуларно одржување на веб-страната на организацијата
  • 2.2. Создава newsletter-и, е-маил соопштенија, и слични содржини
  • 2.3. Ги креира и координира сите објави на социјалните медиуми на организацијата
  • 2.4 Креира клучни пораки за сите тековни проекти во организацијата
  • 2.5 Учествува во процесот на креирање на визуелни содржини
  • 2.6 Подготвува извештаи за успешноста на комуникациските кампањи

Координација

  • 3.1. Одржува редовни контакти со претставници на медиуми (ТВ, весници и портали)
  • 3.2. Соработува со остантите вработени во Извршната канцеларија за ефективно промовирање на сите активности на организацијата
  • 3.3. Координира медиумски активности во кои се вклучени вработените во организацијата
  • 3.4. Идентификува предизвици во промоцијата на организацијата и дава насоки за нејзино подобрување
  • 3.5 Учествува во реализирање на комуникациската стратегија во соработка со Програмскиот директор

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Најмалку 1 година искуство на позицијата за комуникација
  • Искуство во работа со социјални медиуми и рекламирање на социјални медиуми
  • Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
  • Одлично познавање и искуство во работа со Microsoft Office пакетот
  • Одлични вештини за пишување и креирање содржини

ПОЖЕЛНИ КРИТЕРИУМИ

  • Искуство во работа и со граѓански организации
  • Познавање на трендовите кај младите и образованието во земјата
  • Соодветна универзитетска диплома или специфицична диплома за посета на програма за усовршување во областа (дигитален маркетинг, комуникации и сл.)
  • Познавање на веб-апликацијата CANVA
  • Познавање на веб-апликацијата MailerLite (или слична програма за e-mail маркетинг)

КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА

  • Способност за приоретизација на обемот на работа и работа со конкретни рокови
  • Способност за преземање на иницијатива и работа под минимална супервизија
  • Способност за планирање, реализација и следење на активности

ШТО НУДИМЕ?

  • Динамична средина исполнета со активности и работа со млади луѓе
  • Редовен фидбек за перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој
  • Канцелариски простор за работа со обезбеден компјутер и опрема
  • Почетен бруго надомест од 41 000 денари.
  • Можност за продолжување на ангажманот

Позицијата е за 40 часа неделно работно време.

Аплицирањето за позицијата се врши со испраќање на CV и Мотивациско писмо на следната електронска адреса – [email protected]. Како втора фаза од процесот на селекција, дел од кандидатите ќе бидат поканети на интервју во просториите на организацијата. При последниот чекор од селекција, кандидатите ќе бидат поканети да изработат две едноставни задачи поврзани со позицијата во одреден временски период, со цел да ги демонстрираат своите вештини.

Повикот е отворен се до наоѓањето на соодветен кандидат за позицијата.

ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во рамки на проектот „Социјално претприемништо за младинско вработување“, ќе одржи повеќе обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани, со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат на младите во нивниот професионален раст и развој.

Обуките ќе бидат поделени во три програми:

  • Обуки за меки вештини, со кои најмалку 100 невработени млади лица и млади лица вработени во социјални претпријатија ќе развијат меки вештини како комуникација, лидерство, тимска работа, професионални вештини, ИТ меки вештини, итн. Обуките ќе се одржат со физичко присуство, имајќи предвид дека меките вештини полесно се пренесуваат во живо. Секоја од обуките за меки вештини ќе трае 2 дена. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 18.10.2023 – 19.10.2023, и на 02.11.2023 – 03.11.2023.
  • Обуки за претприемништво, со кои најмалку 100 невработени млади лица ќе се стекнат со потребните знаења за основање и управување со сопствено социјално претпријатие, како развој на бизнис план, запознавање со законските и административните одредби за започнување и управување со социјално претпријатие, управување со човечки ресурси, вмрежување итн. Секоја од обуките за претприемништво ќе трае 2 дена и истите ќе се одвиваат онлајн. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 21.09.2023 – 22.09.2023, и на 12.10.2023 – 13.10.2023.
  • Обуки за прибирање средства и за комуницирање со заедницата, со кои најмалку 100 потенцијални млади претприемачи и млади лица вработени во постоечки социјални претпријатија ќе бидат обучени како успешно да водат кампања за прибирање финансиски средства за нивното социјално претпријатие и како да комуницираат со нивната заедница и целна група. Обуките ќе траат 2 дена и ќе се одржуваат онлајн. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 03.10.2023 – 04.10.2023, 17.10.2023 – 18.10.2023, и на 09.11.2023 – 10.11.2023.

За пријавување, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на овој линкНапомена: Кандидатите треба да ја изберат обуката и датата на одржување која најмногу им одговара. Секој кандидат може да избере да присуствува на само по една обука од секоја тема.

Сите информации се достапни тука.