ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во рамки на проектот „Социјално претприемништо за младинско вработување“, ќе одржи повеќе обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани, со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат на младите во нивниот професионален раст и развој.

Обуките ќе бидат поделени во три програми:

  • Обуки за меки вештини, со кои најмалку 100 невработени млади лица и млади лица вработени во социјални претпријатија ќе развијат меки вештини како комуникација, лидерство, тимска работа, професионални вештини, ИТ меки вештини, итн. Обуките ќе се одржат со физичко присуство, имајќи предвид дека меките вештини полесно се пренесуваат во живо. Секоја од обуките за меки вештини ќе трае 2 дена. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 18.10.2023 – 19.10.2023, и на 02.11.2023 – 03.11.2023.
  • Обуки за претприемништво, со кои најмалку 100 невработени млади лица ќе се стекнат со потребните знаења за основање и управување со сопствено социјално претпријатие, како развој на бизнис план, запознавање со законските и административните одредби за започнување и управување со социјално претпријатие, управување со човечки ресурси, вмрежување итн. Секоја од обуките за претприемништво ќе трае 2 дена и истите ќе се одвиваат онлајн. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 21.09.2023 – 22.09.2023, и на 12.10.2023 – 13.10.2023.
  • Обуки за прибирање средства и за комуницирање со заедницата, со кои најмалку 100 потенцијални млади претприемачи и млади лица вработени во постоечки социјални претпријатија ќе бидат обучени како успешно да водат кампања за прибирање финансиски средства за нивното социјално претпријатие и како да комуницираат со нивната заедница и целна група. Обуките ќе траат 2 дена и ќе се одржуваат онлајн. Обуките ќе бидат одржани на следните датуми: 03.10.2023 – 04.10.2023, 17.10.2023 – 18.10.2023, и на 09.11.2023 – 10.11.2023.

За пријавување, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на овој линкНапомена: Кандидатите треба да ја изберат обуката и датата на одржување која најмногу им одговара. Секој кандидат може да избере да присуствува на само по една обука од секоја тема.

Сите информации се достапни тука.

Сподели на