Презентација на резултатите од Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики

Конзорциумот на проектот „Заедници инклузивни за млади“, Ве поканува на настан за Презентација на резултатите од Мониторинг извештајот на Законот за младинско учество и младински политики, кој ќе се одржи на 17 октомври 2023 година, во просториите на Млади Хаб во Скопје (Канцеларија на Претседателот на Република Северна Македонија), со почеток од 11:00ч.

Овој настан има за цел, согласно изработениот Мониторинг извештај, да даде осврт на состојбата на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики и да го согледа степенот на имплементација можностите и механизмите што ги имаат младите за да влијаат врз процесите на креирање политики и донесување одлуки предвидени во законот. Дополнително, на самиот настан ќе се опфатат и заклучоците и клучните препораки кои произлегуваат од Мониторинг извештајот, што треба да се применат со цел подобрување на условите за младите и нивно поголемо и активно учество на локално ниво.

Бидете дел од овој настан, проследите ги добиените податоци и претставете ги и Вашите ставови и можни препораки за како до поактивна имплементација на одредбите од Законот за младинско учество и младински политики.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од големо значење и поддршка во напорите за зголемување на младинското учество во нашиот регион.

Ве замолуваме да го потврдите Вашето присуство со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

Агендата за настанот е достапна ТУКА.

Проектот „Заедници инклузивни за млади“ е спроведуван од страна на Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, СФЕРА Интернешнал – Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, а финансисран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Форум за развој на заедницата

Фондација за развој на локалната заедница – Штип Ве поканува на „Форум за разј на заедницата“, кој ќе се одржи на:

🗓️ 17.10.2023 (Вторник)
🕙 10.00 – 13.00 чaсот
📍 Хотел Изгрев (мала сала)

Форумот ќе содржи клучни говори, панел дискусии и интерактивни сесии, преку кои ќе имате можност да го кажете Вашиот став за претставените иницијативи и резултати, и да дадете Ваши идеи, препораки и иницијативи.

Дневен ред:
𝟏𝟎:𝟎𝟎-𝟏𝟎:𝟏𝟓 Пристигнување, регистрација, кафе
𝟏𝟎.𝟏𝟓-𝟏𝟎.𝟑𝟎 Воведно обраќање, Един Шабани , Проектен менаџер, УСАИД
Претставување на проектот „Направи разлика!“
Цели, резултати, што направивме досега?, Невенка Лонгурова Гирова;
𝟏𝟎.𝟑𝟎-𝟏𝟏.𝟎𝟎 Презентација на завршени иницијативи и иницијативи во тек, Борис Шарковски;
Презентација од корисници:
ТК Астибо – Дарко Едровски,
ДСМУЦ „Сергеј Михјлов“ – Тоше Митрeв,
Иницијатива на група родители – Никола Костадинов,
𝟏𝟏:𝟎𝟎-𝟏𝟏:𝟑𝟎 Планирани следни чекори (иницијативи)
world cafe методологија, Борис Шарковски;
𝟏𝟏:𝟑𝟎-𝟏𝟐:𝟑𝟎 Дискусија,
Предлози за следни иницијативи,
Формирање на групи за разработување на иницијативите,
Борис Шарковски;
𝟏𝟐:𝟑𝟎-𝟏𝟑:𝟎𝟎 Заклучоци, евалуација, затварање на настанот
Невенка Лонгурова Гирова;
𝟏𝟑:𝟎𝟎 – 𝟏𝟒:𝟎𝟎 Закуска, неформално дружење и вмрежување.

Проектот Направи разлика е финасиски поддржан од УСАИД, а имплементиран од Фондација за развој на локалнaта заедница Штип, Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочани-Виница.