Презентација на резултатите од Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики

Конзорциумот на проектот „Заедници инклузивни за млади“, Ве поканува на настан за Презентација на резултатите од Мониторинг извештајот на Законот за младинско учество и младински политики, кој ќе се одржи на 17 октомври 2023 година, во просториите на Млади Хаб во Скопје (Канцеларија на Претседателот на Република Северна Македонија), со почеток од 11:00ч.

Овој настан има за цел, согласно изработениот Мониторинг извештај, да даде осврт на состојбата на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики и да го согледа степенот на имплементација можностите и механизмите што ги имаат младите за да влијаат врз процесите на креирање политики и донесување одлуки предвидени во законот. Дополнително, на самиот настан ќе се опфатат и заклучоците и клучните препораки кои произлегуваат од Мониторинг извештајот, што треба да се применат со цел подобрување на условите за младите и нивно поголемо и активно учество на локално ниво.

Бидете дел од овој настан, проследите ги добиените податоци и претставете ги и Вашите ставови и можни препораки за како до поактивна имплементација на одредбите од Законот за младинско учество и младински политики.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од големо значење и поддршка во напорите за зголемување на младинското учество во нашиот регион.

Ве замолуваме да го потврдите Вашето присуство со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

Агендата за настанот е достапна ТУКА.

Проектот „Заедници инклузивни за млади“ е спроведуван од страна на Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, СФЕРА Интернешнал – Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, а финансисран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Сподели на