ЦМА Крик го започнува проектот „Секој ден е ден за тренинг“

Центарот за младински активизам Крик го започна проектот „Секој ден е ден за тренинг“ (анг.„Everyday is a Training Day“), заедно со партнерските организации „Асоцијација Интеградос“ од Шпанија и „Scout Society“ од Романија. Проектот е дел од програмата Ерасмус + стратешко партнерство од мал обем, а финансиран од Шпанската Национална агенција одговорна за Ерасмус +.

Визијата на овој проект е да придонесе во промовирањето на здрав и инклузивен начин на живот кај младите, усогласувајќи се со принципите на Стратегијата за физичка активност на СЗО за Европскиот регион 2016 – 2025, како и Стратегијата на ЕУ за правата на лицата со попреченост 2021 – 2030.

Целта на проектот е промоција на здрави навики преку рекреативно практикување на спортот, создавање на лесно пристапни, достапни и адаптирани инклузивни простори за физичка активност кои ќе можат да бидат користени од страна на луѓе со и без попреченост, како и креирање на ресурси и алатки за спроведување на обуки за подигнување на свеста кај младите луѓе и организациите кои спроведуваат физички активности за луѓе со и без попреченост, спортските клубови и институциите.

За  постигнување на наведените цели ќе биде развиен „Водич со ресурси“ кој ќе содржи информации за јавни простори, игралишта и спортски терени кои се лесно достапни и адаптирани за користење на лица со попреченост во локалната заедница, како и мапирање на постоечките спортски клубови и организации кои спроведуваат спортско-реакреативни активности адаптирани на лица со попреченост. Заедно со водичот, ќе биде развиена и „Обука за спроведување на капацитети“. Водичот со ресурси и Обуката за капацитети ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на едукаторите, младинските работници, персоналот за поддршка кои работат во полето на спортот и искористувањето на слободното време, младински работници, лица кои работат со млади и млади возрасни лица со или без попреченост, родители во секоја од трите држави.

Спроведувањето на проектот ќе се одвива во две фази. Првата фаза ќе опфаќа теренско истражување и спроведување на прашалник со цел да се мапираат сите постоечки капацитети во трите држави, кои потоа ќе бидат содржани во Водичот со ресурси, а втората фаза ќе вклучува серија на настани и работилници насочени кон експерти и организации кои работат со лица со попреченост.

Инаку, ЦМА Крик е невладина, непрофитна организација, основана и водена од млади луѓе, која работи со и за младите. Крик работи на постигнување на социјална инклузија и интеграција на младите луѓе со помали можности, а таргет група се млади луѓе со типичен развој, млади луѓе со попреченост и млади луѓе со потешка социјална и економска позадина.

Повеќе за работата на КРИК можете да погледнете на следниот линк.

Настан за промоција на: ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Приватните даватели на социјални услуги организираат настан за промоција на : ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Датум: 17.01.2024
Локација: М6 Едукативен центар
Почеток: 09:30
Огромна чест и задоволство ни е да ве поканиме на настанот за промоција на иницијативата и заедно да дискутираме за подобрување и обезбедување на квалитет на социјалните услуги.
Иницијативна група на даватели на социјални услуги:
1) Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес
2) ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
3) СОС Детско Село
4) Хуманост
5) Порака – Неготино
6) Кризен Центар Надеж
7) Инклузива
😎 Отворена порта -Ла Страда
9) КРИК
10) Македонското Монтесори Здружение
11) ХОПС
Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк https://shorturl.at/eBHN9
Агенда
Вовед: Кои сме ние – даватели на социјални услуги?
09:30-09:40 Воведно претсавување на иницијативата на даватели на социјални услуги
Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор КРИК
09:40 -10:40 Панел дискусија I: Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
Начин на кој давателите на социјални услуги можат го дадат своето искуство и капацитет во унапредувањето на системот и социјалните услуги
Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia
Поддршката која ЕУ ја дава деинституционализацијата и развојот на социјалните услуги. Механизми преку кои ЕУ обезбедува вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на социјалните политики на Унијата
Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија
Придонес на социјалните услуги за остварувањето на Одржливите развојни цели на ОН во Македонија
Харалд Фугер, аташе за социјални прашања, Амбасада на Австрија
Клучни елементи на австрискиот систем за социјални услуги кои би можеле се пренесат, австриските искуства во поглед на здружувањето и заедничкото делување на приватните даватели на социјални услуги
Марио Јанчев, директор за развој на програми, СОС Детско село
Зошто мрежа на даватели на социјални услуги?
Можности за идната мрежа на даватели на социјални услуги да стане партнер на државата во креирањето на правната рамка и јавните политики
Елизабета Божиноска, програмски директор ХЕРА
Раководење на здравствени и социјални сервиси според меѓународни стандарди без обезбедено одржливо финансирање од страна на државата
Прашања и коментари од присутните (20’)
10:40-11:00 Кафе пауза
11:00-12:00 Панел дискусија II: Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности
European Association of Service Providers for people with disabilities
Сашко Јованов, директор, Хуманост
Социјалните услуги како можност за развој на „економија на грижа“: пошироката општествена корист од развојот на социјалните услуги
Билјана Дуковска, Македонска плаформа за борба против сиромаштијата
Научени лекции од мрежното делување против сиромаштијата во Македонија
Елена Кочоска, претседател на управен одбор, МЦМС
Како до општествени промени преку граѓанско застапување
Прашања и коментари од присутните (20’)
Коктел и вмрежување
See less