LEAD во рамки на програмата UPSHIFT отвора повик за креирање база на ментори кои ќе помогнат во реализација на 15 иновативни социјални иницијативи, од страна на средношколски тимови, поделени во три циклуси, поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОЗДУХ. Трите циклуси ќе бидат реализирани во периодот март – август 2024 година и ќе бидат посветени на развој на социјални иновации од страна на средношколски тимови.
UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина. Програмата е наменета за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.
Преку програмата UPSHIFT, во секој од трите циклуси, ќе бидат селектирани 10 средношколски тимови, како финалисти, од кои 5 ќе бидат избрани како победнички решенија и ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120,000 денари.
ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕНТОРСКИОТ АНГАЖМАН
Преку овој повик, ќе бидат избрани најмногу 10 ментори, во зависност од квалитетот на пристингатите апликации. По формирањето на базата на ментори, за секој од трите циклуси ќе бидат барани вкупно 5 ментори од базата кои ќе бидат ангажирани во текот на целиот циклус. Менторскиот ангажман вклучува:
1. Учество на обука за избраните ментори
Секој од избраните ментори ќе земе учество на еднодневна обука за вовед во менторскиот ангажман, запознавање со принципите на менторство предвидени со оваа програма и насоки за спроведување на ангажманот. Обуката за ментори ќе се одржи на 20.02.2024 во канцелариите на ЛЕАД во Скопје.
2. Присуство на UPSHIFT Bootcamp
Петте избрани ментори за секој од трите циклуси ќе учествуваат на тридневниот UPSHIFT Bootcamp каде ќе имаат за задача да менторираат по 2 средношколски тима (секој тим ќе биде составен од 5 члена) со кои ќе работат на подготвување на решението и негово претставување (pitching) пред жири комисијата.
3. Менторирање на еден средношколски тим во период од три месеци
Откако ќе бидат избрани петте победнички тимови и решенија на крајот од UPSHIFT Bootcamp- от, на секој од петте ментори избрани во тој циклус, ќе му биде доделен еден средношколски тим кој ќе го менторира во процесот на спроведување на решението, во период од три месеци. Во овој период од секој ментор се очекува:
- Организацијата и реализирање на најмалку 6 менторски состаноци;
- Редовно комуницирање со менторираниот тим и навремен фидбек;
- Редовно известување на програмскиот координатор на UPSHIFT за текот и функционирањето на средношколскиот тим.
- Изработка на финален извештај за периодот на менторирање.
ПРОФИЛ НА МЕНТОРОТ
- Минимум 2 години искуство во работа со и менторирање на млади луѓе;
- Минимум 2 години искуство во реализација на младински иницијативи;
- Ќе се смета за предност доколку апликантот има искуство во бизнис развој;
- Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси.
АПЛИЦИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ
Аплицирањето за менторскиот ангажман се врши електронски со испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: [email protected], со назнака „UpShift Апликација за ментор“
Рокот за аплицирање е до 14.02.2024.
Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите. Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 42,000 денари во бруто износ.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА
- ФАЗА 1 – Избор на 10 средношколски тимови како финалисти, преку отворен повик за средни училишта;
- ФАЗА 2- Спроведување на UPSHIFT Bootcamp
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120,000 денари за имплементација на решението. UPSHIFT Bootcam- овите ќе бидат одржани на следниве датуми:
- Циклус 1: 04 – 06 март 2024
- Циклус 2: 03 – 05 април 2024
- Циклус 3: 25 – 27 април 2024
- ФАЗА 3- Промоција на иницијативата и активности за прибирање средства
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување и fundraising, по што спроведуваат активности за прибирање на дополнителна финансиска поддршка од заедницата.
- ФАЗА 4- Имплементација на социјалните иновации
Со помош на назначениот ментор 5- те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.