Работилница „Заедно со Stella, имај нов почеток со LinkedIn“

Во денешната дигитална ера, LinkedIn е од извонредно значење за вашата кариера и професионален развој. 📈 Затоа Stella Network организираат интерактивна работилница.

Придружете се на интерактивната работилница, каде ќе дознаете како да креирате профил, да го подобрите веќе постоечниот или профил кој ќе го одразува вашиот личен бренд на LinkedIn. Предавачка на работилницата е Стела Менторката Елена Костоска, која има исукуство како дел од оперативниот тим на програмата за LinkedIn Mastering на Natalia Wiechowski, поддржана од самиот LinkedIn. 

Предавачката ќе ги сподели со нас најдобрите практики за подигнување на вашата присутност на LinkedIn и како да го искористите профилот за да ги постигнете вашите цели. Споделете ги вашите искуства и прашања и искористете го вистинскиот потенцијал на LinkedIn.

🗓 Датум: 09 февруари (петок)

🕒 Време: 14 – 16:30 

📍 Локација: Нетавиле, Скопје

👉 Оваа работилница е дел од проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје.

За повеќе информации на следниот линк од настанот

За да се пријавите на работилницата, посетете го овој линк

Сподели на