Oтворено предавање за студенти: Дебата за иднината: Вештачката интелигенција VS Работните места


Елон Маск тврди дека Вештачката интелигенција ќе креира иднина во која ќе нема потреба од работни места. Што мислите вие?
Дали ова може да биде вистина? Кои се предностите, а кои недостатоците на ВИ? Дали таа ќе придонесе само кон згаснување на одредени работни места, а не и креирање на нови? Дали иднината со ВИ ќе биде подобра? Дали во минатото имало слични размислувања со развојот на технологија?

Придружете ни се на второто отворено предавање за студенти на тема „Дебата за иднината: Вештачката интелигенција VS Работните места“ на кое заедно со вон. проф. д-р Александра Дединец ќе дискутираме околу овие прашања и многу повеќе! Дојдете за заеднички да разгледаме како Вештачката интелигенција може да ја обликува нашата иднина и како можеме да се подготвиме за неа.

Локација: ТМФ амфитеатар
Датум: 22 март 2024 година (петок)
Време: 16:00 ч
Најавето го своето присуство со пополнување на формата достапна на следниот линк: https://forms.gle/14hQ2u73pRFRxvht5
Оваа активност ја органзира Младински образовен форум со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Преку глава ми е од корупција – Штип

✋ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД КОРУПЦИЈАТА❗

Граѓаните против корупцијата те канат на дружба за заеднички да кажеме НЕ на корупцијата!

ℹИнформирај се како се трошат твоите пари и каде можеш да пријавиш корупција. Учествувај на дебатата со средношколци и вклучи се на форум театарот.

📍Те чекаме во Штип на📅 23 март со почеток од 11:00ч на плоштадот „Слобода“
Диџеј Ерик-Х8 ќе ни пушта добра музика.

Дојди, информирај се и сподели!

За повеќе информации кликни на линкот https://linktr.ee/protivkorupcija
Оваа активност е во рамките програмата „Граѓаните против корупцијата“ поддржана од УСАИД во партнерство со ЦГK, ИДСЦС, Стопанска Комора, 360, БИРН и ИРЛ.