Сојузот за младинска работа објавува повик за учество на меѓународна работилница за младински работници во рамки на проектот “Professional Development of Youth Workers – PD4D“. Работилницата ќе се одржи во Талин, Естонија, од 28 септември до 3 октомври 2025 година.
Цел на работилницата:
Работилницата има за цел да ги зајакне капацитетите на младинските работници преку споделување на добри практики, соработка со колеги од Европа и развој на лични и професионални компетенции во согласност со Европската рамка за компетенции за младинска работа.
Право на учество имаат:
- Активни младински работници или лица со искуство во младинска работа (вработени или волонтери);
- Лица на возраст од 20 години и повеќе;
- Кандидати со познавање на англиски јазик (работен јазик ќе биде англиски);
- Лица спремни за активно учество во текот на целата работилница и за споделување на стекнатите знаења по враќање.
Пријава
Краен рок за пријавување е 24 јули 2025 година. Заинтересираните кандидати може да се пријават со пополнување на формуларот достапен тука!
Сите трошоци за сместување, храна и патување се целосно покриени од проектот.