Национално истражување „Младинските ставови за политиката“

 

Младите Можат започна со спроведување на Национално истражување „Младинските ставови за политиката“

🗳️Актуелната ситуација на политичката сцена, ја поттикна потребата да се добијат конкретни податоци за тоа како младите гледаат на политичките и општествените случувања, кои се нивните најгорливи локални и национални проблеми, дали чувствуваат можност за влијание и колкава е нивната доверба во институциите.⚖️

❗️Истражувањето е наменето за млади на територија на Република Северна Македонија на возраст од 18 до 22 години.

🚀Истражувањето ги опфаќа и навиките за информирање, нивото на политичка едукација, присуството на младите во политичките партии, како и мотивите или пречките за политичко учество.

Онлајн прашалникот е анонимен, и достапен на:

Македонски јазик https://forms.gle/AdMwZ3Z67mt2JFAW6

Албански јазик https://forms.gle/ggcvUZzsMZ3BDj6i9

📢Сакаме да го дознаеме твојот став. 

 

Сподели на