Конкурсот за реонски попишувачи останува отворен до 25 август

Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 започнува на 5 септември годинава. За успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција потребни се повеќе од 5.000 реонски попишувачи и инструктори. Поради сезоната на летни одмори, сè уште не е обезбеден потребниот број на кандидати за успешно спроведување на операцијата. Од таа причина, рокот за пријавување е продолжен до 25 август, а пријавувањето може да се направи преку електронската апликациска форма

Учеството во Пописот 2021 е одлична можност за стекнување на нови, корисни вештини, применливи во натамошното кариерно насочување на младите луѓе, како и можност за остварување на солиден приход. Во зависност од големината на пописниот круг, за ангажман од вкупно 25 дена, може да се оствари приход од 25.000 до 40.000 денари. 

Што е потребно за да можеш да учествуваш како попишувач или инструктор во Пописот 2021?

 

• Да си на возраст од 18 или повеќе години

• Да си државјанин на Република Северна Македонија

• Да имаш завршено најмалку средно образование

• Да не си вработен

• Да поседуваш компјутерски вештини

 

Сподели на