Повик за обука за пишување јавни политики, надворешни односи и модели на размена помеѓу Република Северна Македонија и другите држави

Обука има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за анализа на надворешните односи и моделите за размена помеѓу Република Северна Македонија и другите држави, како и за пишување на јавни политики и застапување со што ќе придонесат за меѓународни односи и надворешна политика заснована на докази.
Обуката ќе биде организирана во електронска форма, како виртуелен состанок, користејќи ја платформата ZOOM, а ќе бидат подготвувани и претходни материјали и снимени видео сесии, кои учесниците ќе треба да ги следат и да учествуваат за успешно завршување на обуката. Учесниците низ обуката ќе имаат можност да користат материјали и податоци од спроведеното истражување за надворешните односи, присуството и моделите на размена на 64 држави од светот, како и истражување на јавно мислење и спроведено квалитативно истражување.
Обуката ќе ја спроведува проектниот тим на „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите“ и истражувачкиот тим на Институтот ПРЕСПА.
Номинации за учество на обуката можат направат граѓански организации. Граѓанските организации можат да номинираат свои членови, активисти или вработени. Секоја граѓанска организација може да номинира тим од двајца учесници. Номинираните учесници треба да имаат минимални претходни познавања, или пак да пројавуваат интерес за меѓународните односи и надворешната политика. Номинираните учесници треба да бидат помлади од 35 години.
За учество на обуката ќе бидат селектираат тимови од 12 граѓански организации.
Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (агенда, задачи и потврди за учество), вклучувајќи ги и точните датуми за следење на обуката. Обуката ќе се реализира во месеците февруари и март 2022 година.
По завршувањето на обуката тимовите ќе добијат ментор кој ќе им помогне користејќи ги податоците од истражувањето да изработат документ за јавна политика. Изработените документи за јавна политика ќе бидат објавени на веб страната на Институтот ПРЕСПА и на платформата www.internationalimpact.mk, а ќе бидат и јавно презентирани.
Граѓанските организации кои сакаат да номинираат учесници за обуката треба да го сторат тоа со допис испратен до Институтот ПРЕСПА. Во дописот, граѓанските организации ќе известат за номинацијата, а кој покрај имињата на кандидатите дописот ќе содржи и нивни контакти, телефон и адреса на електронска пошта. Во прилог кон дописот, граѓанските организации ќе достават и биографии на номинираните учесници.
Рокот за пријавување е 31 јануари 2022 година.
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на Институтот ПРЕСПА, а предност ќе им биде дадена на тимовите кои внимаваат на правичната родова застапеност.
Заинтересираните граѓански организации кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат по електронска пошта на: [email protected] најдоцна до 25 јануари 2021 година.
Проектот „Опсерваторија на влијанието и имиџот на државите“ се спроведува со финансиска поддршка на Амбасадата на САД.

Сподели на