Kултурно-едукативен настан

Од меѓународно здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје“

 

Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во КСП Центар Јадро во среда   (12.19.2022) во 20:00 часотТема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.


Содржина на настаните :

1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс. Времетраење 30 минути.

2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот. Времетраење 30 минути.

3. Дискусија на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“. Времетраење 30 минути.

 

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

„Создаваме град, градиме иднина“

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.
Тема на проектот е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот ќе бидат реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје. 
Содржина на настаните :
1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс. 
2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.
3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“
Тимот кои го изработи документарниот филм и перформаност:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ -Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.
Поради ограничениот број на присутни за перформансот и работилницата потребно е вашето присуство да го најавите на емаил адресата: [email protected]

Иницијативата за пренамена на Купром во студентски град

❗️За да не биде предоцна, иницијатива за промена на ГУП „Од напуштена фабрика до Студентски град“, како?
❗️Принципот на хуманизација на просторот кој воедно е и темелна вредност на Уставот на Р.С.Македонија е клучен механизам за квалитетен живот во градовите.
❗️Од друга страна, структурата на градот Скопје е доста богата со изградени објекти од различен карактер кои во екот на транзицијата се ☢затворени, напуштени, контаминирани☢ и заглавени во правниот систем и се оставени да пропаѓаат, а токму тие имаат голем потенцијал и можат да придонесат кон создавање на нови и иновативни културно-образовни средини кои недостасуваат во градот.
❗️Еден таков пример е и индустрискиот комплекс „Купрум“ кој повеќе од две децении претставува целосна спротивност на принципот на хуманизација на просторот. Иако се наоѓа во целосно урбанизирана средина, опкружен со станбени единици, тој претставува напуштена и контаминирана локација која е закана за локалното население и животната средина.
❗️Поради тоа, заедно со Градоначалникот Aleksandar Naumoski Општина Ѓорче Петров и City Scope, поднесуваме иницијатива до Град Скопје и Агенција за планирање на просторот.
❗️Иницијативата е предлог за промена од постоечката предвидена намена А(домување) согласно ГУП на Град Скопје 2012-2022 за оваа локација, во основна намена В(јавни дејности и институции); со што се надеваме дека ќе се создадат институционални и општествено-политички услови за ♻️ревитализација, деконтаминирање и пренамена♻️ на овој простор во интерес на младите. Овој процес ќе придонесе кон почитување на темелните вредности на Уставот, и конечно по две децении се надеваме дека ќе се создадат услови за хуманизација на просторот во рамки на парцелата каде се наоѓа индустрискиот комплекс „Купрум“.
❓Зашто баш овој простор?
Со површина од 22 000 м2, а изграденост на парцелата од само 3 300м2, преку ревитализација на овој простор, меѓу другото, Општина Ѓорче Петров но и град Скопје се здобиваат со можност за значително дополнително 🌳урбано зеленило🌳, бидејќи остануваат 18 000м2 неизградена површина. Урбаното зеленило е клучен механизам за борба против климатските промени. Ова е иницијатива која се спротивставува на забрзаното и непланско градење.
❗️Од друга страна, нашата држава нема функционален систем за справуање со индустрискиот одпад, па често тој се депонира неправилно, или воопшто не се третира. Конечно по две децении со оваа иницијатива се создаваат услови просторот да биде предмет на анализи, чистење, деконтаминација и ревитализација.
❗️Ова е процес со кој државата ќе може во пракса да ги имплементира заложбите за висока еколошка одговорност, зголемување на урбано зеленило и определбата за „партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување на политики“;како една од клучните определби за демократско владеење.
❗️Се надеваме дека овој чекор, со промена на урбанистичката документација ќе биде вовед во изработка на физибилити студија, која ќе даде одговор за вистинскиот потенцијал на “Купрум”.
Скопје мора да се развива на оддржлив начин.
Дознајте повеќе за „Купрум – рудник на (суб)култура“ на овој линк.
Иницијативата во целина на овој линк.