Kултурно-едукативен настан

Од меѓународно здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје“

 

Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во КСП Центар Јадро во среда   (12.19.2022) во 20:00 часотТема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.


Содржина на настаните :

1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс. Времетраење 30 минути.

2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот. Времетраење 30 минути.

3. Дискусија на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“. Времетраење 30 минути.

 

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Сподели на