СРУШИ ЈА СТИГМАТА! Да зборуваме за менталното здравје

👊🏻СРУШИ ЈА СТИГМАТА! Да зборуваме за менталното здравје
🤔Дали некогаш во твојата околина се зборувало за менталното здравје? Сметаш ли дека младите се доволно запознаени со оваа тема, го знаат нејзиното значење и умеат отворено да зборуваат за менталното здравје? Можеби имаш увид дека се смета за табу-тема, или нешто што неретко се занемарува?
📢Токму затоа сме тука: за заедно да ја срушиме стигмата околу менталното здравје, зборувајќи јасно и гласно за него, за предизвиците со кои се соочуваме, како и начините на кои можеме да го негуваме.
✅Со голема возбуда ве покануваме да се приклучите на нашите работилници во петок, 14-ти октомври, во катчето на Младите Можат, во 14:00 часот.
👉🏻Кој може да учествува? – Сите млади на возраст од 13 до 26 години, кои сакаат да научат нешто повеќе за менталното здравје, за себеси и грижата за сопствената добросостојба.
❓Како да се пријавам? – Можеш да се пријавиш на гугл формата достапна на линкот.↘️

Повик за Координатор за комуникации во Младите Можат

Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија.

Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и дополнително да ги развиваш своите вештини преку принципот на “learning by doing“ – ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Работни обврски на Координатор за комуникации

Генерална цел на работата:

  1. Осмислување на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
  2. Креирање на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
  3. Асистенција при раководењето на профилите на социјалните медиуми на организацијата
  4. Координација на најголемиот ден за можности за средношколци Social day 2023 (прочитај тука за што станува збор)

Задачи и одговорности:

  1. Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање и нивна примена;
  2. Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
  3. Подготовка на canva дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат, како и дизајни за објави на социјалните медиуми;
  4. Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
  5. Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
  6. Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи;
  7. Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
  8. Подготовка на canva дизајни и објави за проектните активности на организацијата;
  9. Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
  10. Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
  11. Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
  12. Подготовка на canva дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
  13. Воспоставување и одржување комуникација и соработка со бизнис заедницата при организација на Social day;
  14. Промоција на Social day пред сите засегнати страни (средношколци, средни училишта, бизнис заедница, државни институции)
  15. Координација на програмски тим за организација на Social day (координатори на региони, волонтери )

Одговорности кон тимот:

  1. Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
  2. Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
  3. Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
  4. Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
  5. Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.

Критериуми за аплицирање:

Образование (одсек):    Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн

Години на работно искуство:      Минимум:  1                             Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:

  • Работа со Canva програм за креирање на дизајни
  • Пожелно познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
  • Познавање на програма за креирање на видео содржини
  • Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа

Основни карактеристики:

  • Лојалност
  • Организираност
  • Професионалност и посветеност
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Работа во куси рокови
  • Менаџмент на време
  • Менаџмент на конфликти
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)

Дополнителни информации:

Ангажманот започнува од 1 декември 2022г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден почетен финансиски надомест од 20.000 денари нето сума, на договор на дело, во текот на пробниот период, со можност за редовно вработување по истекот на пробниот период.

Начин на аплицирање:

Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за комуникации на Младите Можат

Рок за пријавување:

05 ноември, 2022 година, 23:59

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected]  или на 078313931

Отворен конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“

„Дали сте девојка на возраст над 15 години и сте заинтересирани да станете шведска амбасадорка на еден ден? Сериозно се грижите за животната средина, родовата еднаквост, демократија и еднакви права? Сакате да дознаете повеќе за тоа како можете да направите промена? Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“.

Од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе се очекува да напише краток извештај за работата што ја завршила.

Работа ќе започне во 08:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

„Кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови) објаснувајќи зошто сте заинтересирани за оваа позиција; Кратка биографија каде што посочувате што правите, кои се Вашите интереси и кои активности сте ги презеле за да го промовирате или подобрите животот на заедницата во која живеете. Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина, итн.; Две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро Ве познава и може да Ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде Вашиот учител или наставник или секој што Ве познава добро и Ве видел во акција. Писмена согласност од Вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години)“, стои во повикот.

Краен рок е 25-ти октомври, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: [email protected] со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver 2022 за „Амбасадорка на еден ден“.

Успешната кандидатка ќе биде известена до 31 -ви октомври, а од неа се очекува да ги изврши своите должности во текот на ноември или декември.

#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата.”

Регионален форум за градење партнерства за претприемачко учење

Националниот младински совет на Македонија ве поканува на Регионалниот форум за градење партнерства за претприемачко учење кој се организира во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“. 
Регионалниот форум преставува платформа која ќе овозможи да се поттикне градењето на партнертства за претприемачко учење во регионот на која ќе бидат присутни 120 претставници од младински организации од регионот, претставници од владини и професионални тела, млади претприемачи и успешни студентски компании. 
Форумот ќе се одржи во периодот од 26 до 28 октомври во Хотел Александар Палас, Скопје. 
Доколку сакате да учествувате на настанот, најавете го вашето присуство со пополнување на формата достапна на следниот линк: https://forms.gle/YFEbdXjMdyWHWKeQA
Рокот за пријавување е 20 октомври 2022г., по што формата ќе биде затворена поради ограничен број на места.
Целосната агенда за настанот ќе биде доставена дополнително.
Проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионални практики за вработување“ е поддржан од Европска Унија и има за цел да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан.

CYA Krik is looking for 4 participants for TC “Training for youth workers for testing the digital tool”

Where: Training Course in Rabka-Zdrój, Poland
When: 21-27 November 2022

Applying Deadline: 15 October 2022

Participant profile:

– 18+ years old;

Resident in the country of their sending/receiving organization;

– Priority will be given to participants who have already been part of some Krik’s activity;

– Able to communicate in English.

Objectives:

The purpose of this Training Course is to enable youth workers from Poland, Portugal, North Macedonia and Italy to design their own educational games using functionalities of Learnus+ and other e-platforms for game design. Participants will also test games designed by the project consortium, learn about game-based learning and gamification of education and prepare for conducting learning processes with young people they work with using those methods and specific tool – Learnus+.

Participants will be asked to develop their own games and organize their tests with young people they work with. Participants will be asked to document their work and share results with their sending organization (one of the project partner)

Arrival and departure of groups:

Travel costs will be reimbursed after the mobility on the account of the partner organization based on the original / printed tickets and invoices and signed travel reimbursement form sent by post to the organizer.

If you are interested, please fill in the Application Form, no later than 15.10.2022

For any additional question, contact us at [email protected]

Kултурно-едукативен настан

Од меѓународно здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје“

 

Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во КСП Центар Јадро во среда   (12.19.2022) во 20:00 часотТема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.


Содржина на настаните :

1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс. Времетраење 30 минути.

2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот. Времетраење 30 минути.

3. Дискусија на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“. Времетраење 30 минути.

 

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.