Отворен конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“

„Дали сте девојка на возраст над 15 години и сте заинтересирани да станете шведска амбасадорка на еден ден? Сериозно се грижите за животната средина, родовата еднаквост, демократија и еднакви права? Сакате да дознаете повеќе за тоа како можете да направите промена? Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“.

Од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе се очекува да напише краток извештај за работата што ја завршила.

Работа ќе започне во 08:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:

„Кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови) објаснувајќи зошто сте заинтересирани за оваа позиција; Кратка биографија каде што посочувате што правите, кои се Вашите интереси и кои активности сте ги презеле за да го промовирате или подобрите животот на заедницата во која живеете. Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина, итн.; Две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро Ве познава и може да Ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде Вашиот учител или наставник или секој што Ве познава добро и Ве видел во акција. Писмена согласност од Вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години)“, стои во повикот.

Краен рок е 25-ти октомври, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: [email protected] со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver 2022 за „Амбасадорка на еден ден“.

Успешната кандидатка ќе биде известена до 31 -ви октомври, а од неа се очекува да ги изврши своите должности во текот на ноември или декември.

#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата.”

Сподели на