Повик за идентификација на млади професионалнци од области поврзани со заштита на животната средина

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

2. Опис на активноста предмет на овој повик  

Во рамките на проектот е воспоставена канцеларија за обезбедување поддршка на локални млади еко активисти како и претставници на младински организации и организации за млади со цел креирање и имлементација на активности за застапување за заштита на животната средина на локално ниво.

Преку воспоставената канцеларија се обезбедува поддршка  на младите активисти/ младинските оргазаниции/ организации за млади од областа на правото, урбанистичкото планирање, заштитата на животната средина, зачувување на природата и управувањето со отпад од аспект на надлежностите на единиците на локалната самоуправа.

Целта на овој јавен повик е да се изврши идентификација на 16 млади професионалци (на возраст под 30 години) од областите на биологија, хемија, технологија, металургија, градежно инженерство, урбанистичко планирање како и експерти од областа на инженерството за животна средина кои во соработка со младите адвокати и младите правници би обезбедувале техничка поддршка на младите активисти , младинските организации и организациите за млади.

3. Информации за придобивките и обврските на младите професионалци

Придобивки на младите професионалци :

  • Стекнување искуство во тимска работа за имплементација на локални активности за заштита на животна средина.
  • Зголемено познавање на граѓанските обврски и можности за заштита на животната средина.
  • Сертификат за учество под услов да биде даден придонес (истражување, мислење, насока и предлози) за имплементација за минимум 1 (една) локална акција.

Обврски на младите професионалци:

  • Да учествуваат на еднодневна обука на почеток на третото тримесечје оваа година
  • Да одржуваат состаноци состаноци со млади адвокати/ млади правници , младинскиот активист(и) поради обезбедување на професионално мислење од областа на заштита на животната средина
  •  Да истражуваат и даваат експерски и професионални мислења, насоки, предлози или идеи за решавање на проблемот пријавен од младиот активист/ младинската организација/ организација за млади.

4. Начин на пријавување

Заинтересираните млади професионалци кои изразуваат интерес да придонесат преку своето експертско мислење кон заштита на животната средина на локално ниво потребно е да се пријават преку пополнување на следниот формулар  следниот прашалник: https://forms.gle/VCwKv9aodba5GaP77

Јавниот повик за изразување интерес на млади професионалци во областите поврзани со заштитата на животната средина е отворен  заклучно со 17.07.2023.

Контакт лице е Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: [email protected], тел: 02/3220-870.

Сподели на