Биди волонтер/ка на “ENGAGE“ – собир за социјален активизам

Радио МОФ и Младински образовен форум го организираат дванаесеттото издание на настанот за социјален активизам – ENGAGE кој ќе се одржи на 9-ти јуни (петок) 2023 година со почеток во 13:00 часот  во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

На ENGAGE 2023 домашни и странски активисти, борци за човекови права и креатори на онлајн иницијативи ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам, социјална промена, слобода на говор, култура, животна средина, технологија и медицина. Преку ENGAGE, Радио МОФ и МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

За потребите на настанот, МОФ отвора повик за волонтери. Како организација која силно верува и го поддржува волонтерството како одличен начин и механизам за искуствено учење и надоградување, би сакале да ги поканиме членовите на МОФ да ни се придружат во организацијата на овој целодневен настан и да добијат прилика да научат нешто повеќе за организирање и спроведување на настаните на МОФ, како и да присуствуваат на самите предавања и работилници во текот на денот.

Доколку сте заинтересирани, ве молам пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/c7k2EvURsrEjvsoo6

Потребно е само да имате време и желба да присуствувате на еден координативен состанок пред настанот на 9-ти јуни, како и на самиот ден од 13:00 – 18:00 часот. Ќе обезбедиме и оправданија за отсуство од наставата, доколку е потребно.

За дополнителни прашања и информации, обратете се на [email protected] или телефонски на 078 421 564

Сподели на