RISE Journey 2 – повик за поддршка на млади социјални претприемачи

Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги кани сите млади иноватори (18-35 год.) кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат на повикот за учество во програмата RISE Journey 2 до 4-ти октомври.

  • Апликацијата треба да се пополни на англиски јазик, и истата може да ја најдете ОВДЕ.
  • Пред да се пристапи кон пополнување на апликацијата треба да се прочита целиот повик кој е достапен ОВДЕ.
  • Сите досегашни прашања кои веќе имаат одговори можете да ги најдете во овој онлајн документ.
  • Следете не’ на социјалните мрежи за инспирација, новости и најнови информации (FB, Insta)
  • Доколку имате дополнителни прашања слободно испратете мејл на [email protected]

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула.  Програмата освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања.  На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на нивниот социјален бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Сподели на