Дали сакате да бидете дел од првиот Social Day во нашата земја и да ги поддржите младите во нивниот сон да го направат општеството подобро место за живеење?
Доколку одговорот е да, тогаш ние ви ја претставуваме совршената можност за взаемно дејствување со младите за една заедничка цел – позитивни промени и развој на општеството.
Што е Social Day или низ Европа познат како Solidarity Action Day?
Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава.
Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади, тоа е влијателен инструмент кој овозможува пристап до политичка едукација и креира фонд за младински иницијативи.
Овој концепт иако е нов кај нас, во држави како што се Данска, Норвешка и Италија постои и се применува со децении.
Интересен факт: во Норвешка, секоја година, на овој ден, 85 000 млади заработуваат околу 1 800 000 евра.
Како вие може да помогнете да се оствари целта?
За да биде успешен Social Day, потребни се што е можно повеќе работни позиции на кои ќе можат да аплицираат младите кои на еден ден ќе бидат младински работници, наставници, директори и сѐ она што вие можете да понудите.
На овој начин, млади те не само што креираат фонд за проекти, туку и ги разгледуваат потенцијалните области за вработување и насока за образование.
Доколку сте заинтересирани треба да ги направите следните чекори:
1. Направете ваш профил на karierenpat.mk како компанија
2. Креирајте оглас во категорија Social Day
3. Самата веб платформа има канал за комуникација меѓу младите и понудувачите на работна позиција и процесот на аплицирање се случува исклучиво преку неа.
4. Се гледаме на 10ти ноември, кога заедно ќе работиме за подобро општество.
*Бројот на работни позиции кои може да ги понудите е неограничен. Минималната дневница е 600 денари.
