Водич за независно живеење на лица со попреченост

Водич за независно живеење на лица со попреченост

Овој водич е подготвен како резултат на проектот: Пат до независноста. Проектот Пат до независноста е проект од клучната акција 2 од Ерасмус+ програмата, финансиран од Националната агенција од Италија.

Координатор на проектот е Fondazione Zanandrea од Италија, а партнери се Крик од Македонија, Changing myself I change the World од Грција, Latvijas Autisma apvienība од Латвија и Gruppo Ingegneria S.r.l. Società Benefit од Италија.

Во овој водич може да најдете повеќе информации за:

-вовед за попреченост

-преглед на политиките за независно живеење во Латвија, Грција, Италија и Македонија

-продлабочување на тоа како луѓето со и без попреченост развиваат вештини -информации за тоа како да се управуваат активностите за хетерогени групи млади со и без попреченост

–збирка практични активности на NFE за независно живеење приспособени на различни потреби и видови на попреченост

Водичот може да се симне на следните јазици: Македонски, Грчки, Латвиски, Италијански и Англиски.

Латвиска верзија на Водич за независно живеење

Македонска верзија на Водич за независно живеење

Италијанска верзија на Водич за независно живеење

Грчка верзија на Водич за независно живеење

Англиска верзија на Водич за независно живеење

Водичот е подготвен со цел да задоволи потребата на младинските работници да им обезбедат на младите со и без попреченост помеѓу 18 и 25 години вештини неопходни за самостоен живот.
За да се направи тоа, најпрво спроведовме истражување во Македонија, Италија, Латвија и Грција.
Цели на истражувањето:

– Да се доловат најдобрите практики и предизвици за спроведување на активности за самостојно живеење за млади со и без попреченост
– Да се стимулира размената на знаење помеѓу партнерските организации и нивните мрежи во спроведувањето инклузивни активности за независно живеење
– Да се обезбедат корисни информации за организациите кои водат инклузивни активности за независно живеење

 

Сподели на