Вклучете се во креирањето на Националната стратегија за млади

Почитувани млади,

Во тек е креирањето на Националната стратегија за млади, а со тоа е оставена можноста и вие како млади да го дадете својот придонес кон текстот на стратегијата. Токму затоа УНИЦЕФ спроведува прашалник со предложените мерки и активности од стратегијата за кои вие би можеле да го дадете своето мислење и вашите предлози.

Учеството на младите во ова истражување ќе придонесе кон унапредување на нивните права, како и да се идентификуваат приоритети на делување во нивните заедници.

Прашалникот се спроведува преку алатката U-Report, а одговорите на учесниците може да се следат на https://mk.ureport.in/. Прашалникот е наменет за млади над 14 години.

Прашалникот е анонимен и достапен на македонски и албански јазик, а пополнувањето не би одземало повеќе од 5 минути. Младите кои не се активни U-репортери, најпрво треба да се регистрираат на U-Report MK преку платформата Вибер. По успешната регистрација, автоматски ќе го добијат прашалникот за Светскиот ден за безбедност на интернет.

Линк за регистрација 

Повеќе за UReport

Aлатката U-Report им помага на младите ширум светот да го искажат своето мислење и да влијаат на процесите на носење одлуки кои ги засегаат.

Младите кои сакаат да станат U-репортери и редовно да добиваат информации, известувања и прашалници за унапредување на положбата на младите, може да се регистрираат на https://mk.ureport.in/, односно да побараат UReport MK на нивната Вибер апликација или да пристапат преку следниот линк: https://chats.viber.com/ureportmk.

На веб -страницата на U-Report MK се достапни резултатите од тековни и веќе спроведени анкети.

Сподели на