Десеттата меѓународна научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“

Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, традиционално ја организира десеттата по ред меѓународна научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“. 
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Ве поканува да
учествувате со Ваши трудови на Десеттата меѓународна научна
конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која
ќе се одржи во Штип на 28-29 септември, 2023 година. Ги покануваме сите
научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.).
Конференцијата има секција за млади истражувачи – магистранти и докторанди во повеќе општествени области.
Рокот за доставување на апстракт е 30 април 2023.
Во продолжение можете да го пронајдете целиот повик, како и template-от за трудот.

Сподели на