ПОВИК ЗА ОБУКА во организација на Институт Преспа

Институтот ПРЕСПА во рамките на проектот „НЕКСУС МК“ објавува:

ПОВИК ЗА ОБУКА

за надворешна политика, модели на размена помеѓу Република Северна
Македонија и другите држави, како и истражување со користење на
отворени информации и справување со дезинформации.

Обука има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на
граѓанските организации и особено на младинските организации за справување со дезинформации, лажни вести и пропаганда, преку анализа на надворешната политика и моделите за размена помеѓу Република Северна Македонија и други држави, како и истражување со користење на отворени извори.

Обуката ќе биде организирана во живо, а учесниците ќе добијат целосен
прирачник, како и преглед со ресурси и алатки за истражување со користење
на отворени извори.

Рокот за пријавување е 31 март 2023 година.

Заинтересираните младински организации или кандидати, за било какви
прашања поврзани со обуката, може да се обратат по електронска пошта на:
[email protected] најдоцна до 30 март 2023 година.

Целиот повик можете да го пронајдете тука.

Сподели на