Периодот на аплицирање е продолжен за можности за финансирање и градење капацитети во рамките на програмата Култура и креативност за Западен Балкан кои ќе се организирани околу следните четири тематски прозорци:
- Подобрени локални културни простори преку подобрени јавно-приватни партнерства;
- Уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и овозможени да ја промовираат различноста на културните изрази во и од Западен Балкан;
- Регионално вмрежување, соработка и промоција за зголемена културна продукција и пристап;
- Заштита и искористување на културното наследство за одржлив развој.
- Повиците за предлози се сега отворени, а организациите и поединците се поканети да ги поднесат своите предлози и апликации поврзани со горенаведените области според условите наведени подолу.
Кој може да аплицира?
Граѓански организации (ГО) и јавни институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Можности: Грант финансирање до 80.000 евра по проект.
Времетраење: Предложените проекти може да бидат долги од 3 до 18 месеци.
Краен рок за поднесување предлози: 15 април 2023 година во 17:00 часот (CET).
Повеќе информации се достапни на овој линк.