Culture and Creativity for the Western Balkans (CC4WBs) – British Council

Периодот на аплицирање е продолжен за можности за финансирање и градење капацитети во рамките на програмата Култура и креативност за Западен Балкан кои ќе се организирани околу следните четири тематски прозорци:

  • Подобрени локални културни простори преку подобрени јавно-приватни партнерства;
  • Уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и овозможени да ја промовираат различноста на културните изрази во и од Западен Балкан;
  • Регионално вмрежување, соработка и промоција за зголемена културна продукција и пристап;
  • Заштита и искористување на културното наследство за одржлив развој.
  • Повиците за предлози се сега отворени, а организациите и поединците се поканети да ги поднесат своите предлози и апликации поврзани со горенаведените области според условите наведени подолу.

Кој може да аплицира?

Граѓански организации (ГО) и јавни институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Можности: Грант финансирање до 80.000 евра по проект.

Времетраење: Предложените проекти може да бидат долги од 3 до 18 месеци.

Краен рок за поднесување предлози: 15 април 2023 година во 17:00 часот (CET).

Повеќе информации се достапни на овој линк.

Сподели на