Млади, отворено е пријавувањето за 35 000 бесплатни карти за патување низ Европа!

Отворени се пријавите за бесплатните карти во склоп на иницијативата #DiscoverEU преку која 35 000 млади луѓе ќе добијат можност да ја истражат Европа со воз.

Пријавувањето е започнато и ќе трае до 29 март на пладне.

Како да добиете патен билет?

За да добијат патен билет, младите треба да се регистрираат на Европскиот младински портал и да одговорат точно на 5 квиз прашања. По рангирањето според најдобри резултати, Комисијата, на кандидатите ќе им ги понуди сите достапни патни билети. Успешните натпреварувачи родени помеѓу 1 јули 2004 и 30 јуни 2005 година ќе можат да патуваат во Европа до 30 дена, од 15 јуни 2023 до 30 септември 2024 година. Натпреварот е отворен за млади од Европската унија и трети земји поврзани со програмата Еразмус+, како што се Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Станете DiscoverEU амбасадор!

Сите млади патници можат да станат и DiscoverEU  амбасадори за да учествуваат во промовирањето на иницијативата, а еден од начините е да се приклучат на официјалната онлајн група #DiscoverEU Official и да ги споделат своите искуства и совети со другите патници таму.

За повеќе информации, посетете ја веб страната на DiscoverEU и Европскиот младински портал.

Повеќе информации се достапни тука.

Сподели на